Кога имаш швалерка, а не сакаш жена ти да примети (виц)

После паузата за ручек брзо заминуваш во викендичката со секретарката… Коњак. Бонбони. Заеднички туш. А потоа… Акција… Акција… Вечерта се враќаш дома. Изморен поглед. Обичен бакнеж и молба кон златото:
– Те молам ставај ја вечерата, денес се уморив како куче…
Жената се мота во кујната. Кременадли. Пиво. Десерт. Во креветот:
– Колку долго те чекав… Цел ден мечтаам за овој момент, кога ќе сум со тебе…
И наеднаш СМС. И ти бос, брзо го грабнуваш телефонот и трчаш во тоалет за да прочиташ.
СМС од број кој не е во именикот:
„Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку прекрасно беше денес, толку многу љубов и тој фантастичен оргазам. Како да бевме во рајот.“
И ти брзо ја бришеш пораката, си ја поправаш пожамата. Треба да бидеш повнимателен во иднина. Очигледно во душата и надвор од дома ти е пролет, само златото да не примети. Одиш во спалната, а жената таму те чека и со ладен тон те прашува:
– Зошто истрча во бањата со мојот телефон?!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *