Кога ќе се навикнеш на лесни пари: Познатата детска блогерка порасна и смени жанр, од содржини за деца на содржини за возрасни
29-годишната Лизи Капри стана позната во 2018 година кога отвори канал на YouTube на кој креираше содржина наменета за семејна публика. Жената презентираше играчки и изведуваше комични научни експерименти. Пет години подоцна, таа се уморила од постојано снимање видеа за деца.
„Дојдов до точка кога сфатив дека не сакам повеќе да правам детски содржини. Јас сум возрасна жена, не сакам да играм криенка и да правам хаос во куќата заради гледаност на видеата“, рече Капри.
Во март, таа радикално го промени своето занимање и создаде профил на платформата за онлајн проституција OnlyFans, каде што објавува фотографии и видеа од сексуална природа. Жената призна дека таков неочекуван пресврт во нејзината кариера остави силен впечаток кај нејзините поранешни претплатници. „Ми пишуваат: ‘Ах, син ми те гледаше, но сега можам и јас’. Прекрасно е што татковците се уште се заинтересирани за мене“, рече блогерката.
Во исто време, таа истакна дека промените не им се допаднале на мајките на нејзините поранешни млади обожаватели. Тие ѝ велеле дека ги користела нивните деца за да се збогати, а потоа ги напуштила.
Сепак, на Капри ѝ било мило што почнала да снима содржини за возрасни. Според неа, детските видеа и биле вистински товар. Таа изјави и дека се надева дека до крајот на годината ќе заработи 500 илјади долари.
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.
Dobro de nesmena nisto posebno-malite deca se voodusevuvaa na tie sodrzini koi gi prikazuvase,a sega golemite deca se vozbuduvaat na toa sto ke im go prikaze
Neizživeani, nezreli maži – se palat na vakvi eftini kalašturi
Коментирај анонимно