Кога ќе те понесе песната: Заменик-претседател на општина во Србија ја „кити“ пејачката со пари на манифестација финансирана од буџетот
Настанот се одржал на 15 август во селото Медвеѓица, во општина Жагубица во источна Србија, во рамки на традиционалната манифестација „Денови на проја и сирење“. Станува збор за културно-гастрономска манифестација чија цел е зачувување на традицијата на Хомоље, а во програмата има избор за најдобра проја и сирење, селски игри, како и музичко-културна програма со песни и ора карактеристични за овој крај. Организатор е Туристичката организација на општина Жагубица.

Коментирај анонимно