Кога љубовните проблеми ќе те натераат да се тепаш сред Кочани – и тоа пред полициска станица
На 15 август околу 19:15 часот, пред полициската станица во Кочани, дошло до групна физичка пресметка во која учествувале шест лица. Според информациите на МВР, по претходна расправија на улицата „Теодосија Паунов“ бил нарушен јавниот ред и мир, а полицијата привела четири лица – Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од селото Баница, Струмичко. По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Снимката од тепачката во меѓувреме се прошири на социјалните мрежи, а според објавата што ја придружува, во пресметката била удрена и повредена и полициска службеничка. Оваа информација засега не е наведена во официјалното соопштение на МВР.
Неофицијално, причината за целиот карамбол биле нерасчистени љубовни односи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно