Кога мускулите беа религија: Шварценегер, Стлаоне и Ван Дам – дали вредеше нивната форма и болка?

Во 90-тите немаше фитнес-тракери, паметни ваги ниту суплементи за секој ден. Но, имаше идоли. големото трио – тројца апостоли на „челичната вера“ што не учеа: ако не си во теретана, не си маж. Но, нивниот пат беше тежок, без компромиси, со цена што телата ја плаќаа секој ден.

 

Кога мускулите беа религија: Шварценегер, Стлаоне и Ван Дам – дали вредеше нивната форма и болка?

Арнолд Шварценегер: Обемот и силата како религија, трудот како животен пат

Кога Арнолд стапнуваше на сцена, салата молчеше. Во него имаше – волумен, сила и харизма, но и „хемија“. Вистинската формула сепак беше нечовечкиот труд: шест дена неделно поделени на две тренинг-сесии, по 50 серии за една мускулна група. Одмор само додека спие. „Сакаш да бидеш шампион – трпи болка“, велеше Арни. Без кардио – за него најдобро кардио беше уште една серија. Науката денес не го одобрува ова. Тогаш, никој не читаше студии – сите веруваа во „железната религија“.

 

Арнолд Шварценегер: Обемот и силата како религија, трудот како животен пат

Силвестер Сталоне: Истрајност и волја како начин на преживување

Ако Арни е симбол за обем, Слај е симбол за форма и болка. Триесет серии по мускулна група не се граница; сушење до 2,8% телесни масти – на работ на смртта. Диетата? Најчесто овошје со малку пилешко. Несвестици на снимања, интензивен притисок. Сталоне не само што тренираше – тој го гореше телото и здравјето. Неговиот пристап не беше за слабокрвни: волја до граница на можностите и чекор подалеку секој пат.

 

Силвестер Сталоне: Истрајност и волја како начин на преживување

Жан-Клод Ван Дам: Слушај го телото – филозофија на балансираниот борец

Ван Дам го водеше не тежината, туку контролата. Тренинг еден ден, одмор другиот. Кардио, растегнување, шпага и баланс – форма поблиску до источната филозофија отколку до бодибилдерската школа. Исхраната – многу зеленчук, здрави масти, нула шеќер. Целта не беше големина туку прецизност. Утрото трчање, вечер вежбање на вратило – за него, удар во воздухот беше уметност, не само сила.

 

Жан-Клод Ван Дам: Слушај го телото – филозофија на балансираниот борец

Тројца идоли, три различни филозофии: Да се повтори нивниот пат или да се учи од него?

Шварценегер поучуваше како да победиш. Сталоне – како да преживееш. Ван Дам – како да го слушаш телото. Денес, со знаење и совесност, знаеме дека здравјето е над сите форми или згодно тело. Најважно е да извлечеме поука: страст и баланс.

 

  • J.J Cale напиша:

    Da napravis 50 serii za edna muskulna grupa treba dobro da si naklukan so hemija od site vrsti

  • Васе напиша:

    Имаа богата филмска кариера, но треба да знаат кога да се пензионираат!
    Вчера го симнав новиот филм на Џеки Чен „The Shadows Edge (2025)“, каде сите ги потепа со неговите познати боречки потези! А човеко има 71 година!!! Људи моји јели то могуче???
    Шварц до сеа има снимено 87 филма, но милиончињата се слатки, па во најава се само за 2025 година: „The Man with the Bag“, „Outrider“ (ТВ Серија), „Kung Fury: The Movie“, „Breakout“ и „The Legend of Conan“! А човеко има 78 години!!! Во ред е да глуми, но ликови во тие години (како Де Ниро), а не акциони херои!!!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на J.J Cale Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *