Кога разгалено дете од новата генерација ќе се вработи: Погледнете за што се жали оваа доставувачка на пакети

Анија Мич, доставувачка која работи во Амазон, неодамна сподели видео во кое се обраќа на некои од нејзините чести клиенти. Таа ја изрази својата желба за благодарност и предложи да ѝ оставаат грицки за време на доставата. Затоа што таа речиси секој ден доставува на тие адреси и смета дека редно време е и нешто да ја почестат.

Во нејзиното видео, таа нагласува: „Ако нарачувате од Amazon секој ден, секој втор ден или дури иа секоја недела, јас сум прилично сигурна дека го имате истиот доставувач скоро секој ден, и не знаете да почестите ништо, некои грицки?“

Додека некои луѓе застанаа на нејзина страна, други едноставно ја потсетија дека тоа е работа и испораката на стоки е само дел од нејзината работа и таа не треба да очекува дополнителни награди за тоа.

„Поштарите гледам дека не очекуваат никакви грицки“.

А другите се пошегуваа „Леле мојот возач на Амазон никогаш не ми остава грицки. Толку сум разочаран, но претпоставувам дека треба да сфатам дека не е негова работа да ми дава грицки“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *