Кога се сака, се може: 44-годишна Индијка ослабела 15 килограми за осум месеци и станала модел

44-годишната Ваишали Данда решила да ослабе во 2020 година. Дотогаш, со висина од 150 сантиметри, таа тежела 71 килограм. „2020 година беше пресвртница. Чувствував дека сè треба да се промени, бидејќи вишокот килограми го попречува водењето нормален живот и ја поткопува самодовербата“, рече жената. Додала дека решила да ослабе и за доброто на својата ќерка, бидејќи поради дебелината немала сила целосно да се грижи за неа.

Пред се, Данда се префрлила на здрава исхрана. Појадокот се состоел од кафе со млеко без шеќер, бадеми и овошје. „За ручек јадев колачи од ориз или тестенини од соја со зеленчук, а понекогаш и пилешко со зеленчук“.
Вечерата на Индијката не се разликувала од ручекот, но понекогаш ја заменувала со пилешко на скара и печен сладок компир.

 

Данда почнала и редовно да вежба. Шест дена во неделата трчала по пет километри и секој втор ден тренирала во теретана, правејќи вежби за сила.

Во исто време, жената не држела премногу строга диета и понекогаш си дозволувала темно чоколадо и сладолед. Се трудела да ги смени и вежбите кога ќе станат здодевни, а за џогирање секој пат избирала нова музика за да не се заморува психички.

 

Како резултат на тоа, Данда успеала да изгуби 15 килограми за осум месеци. Ова ѝ помогнало да стане посамоуверена и почнала да работи како модел. Згора на тоа, таа учествуваше на натпревар за убавина и го освоила третото место на него.

„Погрижете се сите овие промени да не се за неколку месеци, туку за цел живот. Слабеењето е прекрасна работа ако му пристапите мудро и ако сте навистина спремни да се промените. Главната работа е да влеземе во форма, а потоа нема да има пречки“, заклучи Данда.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *