Кого мислите дека лажете? Зоолошка во Кина повторно обои животни – овојпат преправајќи ги во ТИГРИ

Зоолошка градина во Кина се најде под лупата на јавноста откако вработените таму наводно обоиле две кучиња во црно и портокалово за да личат на тигри.

 

 

Според видео снимка на апликацијата „Douyin“, кинеската верзија на „TikTok“, кучињата од кучешката раса Чау Чау биле сместени во дрвени огради и обоени со светло портокалова боја и црни линии. Животните во зоолошката градина „Qinhu Bay Forest Animal Kingdom“ не личеле многу на дивите мачки, а корисниците на интернет брзо ја откриле измамата.

„Сигурно не се осмелуваат да ги избањаат кучињата од страв бојата да не избледи“, коментирал еден корисник.

„Голем тигар со кучешки темперамент!“ додал друг.

Зоолошката градина во Таижоу подоцна признала дека животните биле обоени како дел од „маркетиншки трик“, но уверила дека тоа не претставува никаква опасност за нивното здравје.

 

Минатата година, истата зоолошка градина наводно обоила кучиња за да личат на панди, дури и нивното крзно било оформено за да наликува на овие животни. На прашањето зошто го направиле тоа, претставници на зоолошката градина одговориле: „Во зоолошката нема панди, па сакавме да направиме нешто слично“.

И покрај негативните реакции, тие додале дека „луѓето исто така ја бојат својата коса“ и дека „природни бои можат да се користат за кучиња со долга грива“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *