Кој би рекол дека пиењето вода ја намалува интелигенцијата? Погледнете зошто!

Биохакерот Брајан Џонсон, кој троши милиони долари годишно во обид да ја продолжи својата младост, застана зад еден од најконтроверзните предлози на Роберт Ф. Кенеди Џуниор – отстранување на флуорот од водата за пиење.

Во интервју за DailyMail.com, Џонсон изјави дека одлуката научно се поткрепува и дека е исправно флуорот да се отстрани од водоснабдувањето. Според него, истражувањата покажуваат дека овој минерал, кој се додава во водата за да спречи расипување на забите, може да го намалува IQ-то кај луѓето.

„Мојот тим и јас ги анализиравме предлозите на Р.Ф.К. и проверувавме дали се засноваат на научни докази. Флуорот беше еден од нив што навистина има основа во истражувањата. Одлуката да се отстрани од водата е исправна“, вели Џонсон.

 


Тој е познат по својата екстремна рутина за подмладување – троши 2 милиони долари годишно на третмани, зема околу 50 суплементи дневно, се храни вегански и дури примал трансфузии со крв од својот син.

 

Контроверзноста околу флуорот

Околу 63% од Американците пијат флуорирана вода, но новиот секретар за здравство во САД тврди дека флуорот може да предизвика рак на коските, когнитивни проблеми и невролошки нарушувања. Иако додавањето флуор на водата се смета за едно од најголемите јавно-здравствени достигнувања на 20 век, истражувања укажуваат на можни негативни ефекти.

Едно канадско истражување од 2019 година покажало дека момчињата чии мајки пиеле флуорирана вода во бременоста имале понизок IQ до четвртата година. Друга анализа од 2023, која вклучувала 33 студии, покажала дека дозволените нивоа на флуор во водата во САД се поврзани со пад на IQ-то за 2,15 поени.

 

Загаденоста на храната – друг голем проблем

Освен водата, Џонсон смета дека токсините во храната се уште поголема закана. Според него, од 1950 година се произведени повеќе од 300.000 хемикалии, од кои многу не се истражени.

„Во храната има огромна количина на непроучени супстанции, а децата денес имаат речиси 4 IQ поени помалку поради овие токсини“, тврди Џонсон.

Според него, треба да се направи „хранолошки геном“ – анализа на сè што содржи индустриската храна, слично како што се секвенционира човечкиот геном.

Се проценува дека 70% од светската популација консумира ултра-преработена храна, која содржи повеќе од пет состојки, вклучувајќи конзерванси и адитиви. Истражувањата сугерираат дека ова може да биде причина за зголемениот број на агресивни форми на рак, особено кај младите.

Џонсон смета дека здравата исхрана не мора да биде поскапа, туку дека индустријата досега ја фаворизирала евтината, нездрава храна. „Со правилни политики, здравата храна може да стане подостапна и економски поодржлива“, вели тој.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *