„Кој е во право?“ – Луѓето ги споделија своите семејни конфликти и бараат одговори дали згрешиле или се во право

Има дел на Reddit каде луѓето кои се наоѓаат во комплицирана ситуација ги испраќаат своите приказни и ги прашуваат корисниците: „Дали сум лоша личност затоа што го направив ова?“. И психолозите и обичните читатели донесуваат пресуда – да или не. Придружете се на дискусијата за да видите на која страна сте.

1.

Мојата сестра се породи пред 2 месеци. Таа го донесе бебето на мојата свадба.

Таа дои секаде. Каде ид а одиме таа дои. Кога одиме кај неа на гости, кога одиме кај нашите родители, во кафуле, во ресторан, на клупа во паркот. Секаде. Но кога го направи тоа на мојата свадба не можев да издржам.

Љубезно ѝ пријдов и ја прашав зошто не извади формула или барем млеко и го стави во шишето за да не мора да го прави сето тоа во тој момент. Таа рече „Затоа што не морам. Се чувствувам удобно кога дојам. Поболно е да го извадам млекото сама“, реков дека може само да ја направи оваа жртва и да направи компромис за еден ден наместо да го прави ова пред 250 гости на мојата свадба. Таа тогаш рече дека не може да направи нешто околу тоа, бидејќи бебето мора да го има нејзиното млеко. Ѝ реков дека треба повеќе да внимава на тоа наместо целосно да се засрами себеси и нас со тоа.

Жена ми и родителите мислат дека сум претерал, дека сум идиот и да се извинам бидејќи јас сум единствената личност на која има сметало. Сепак јас мислам дека е лош бонтон и е незгодно да се прави тоа на формален настан и можеше да најде друго решение за таа вечер.

 

2.

Мојата 18-годишна ќерка Мег се запиша на факултет и пред неколку месеци се пресели кај нејзиното момче. Нејзината стара соба остана празна, па бидеќи беше лепенка со нашата мала дневна соба се одлучивме да го срушиме ѕидот и така дневната соба да стане поголема. Сега изгледа како собата нејзина воопшто да не била таму и имаме една пространа дневна соба.

Кога ќерка ми дојде да не посети и виде дека ја нема нејзината соба направи голема работа од тоа. Викаше дека не сме сакале никогаш да се врати назад и требало да ѝ кажеме наместо само да ја урнеме собата. Јас ѝ реков дека ако сака да се врати назад секогаш има место и може да спие на каучот колку шти сака. Но таа таа нè обвини дека сакаме да се ослободиме од неа засекогаш затоа што не сме чекале доволно долго со реновирањето.

 

3.

Неодамна наследив голема сума пари од мајка ми. Парите ги чувам на посебна сметка бидејќи сè уште не сум одлучила што да правам со нив и не сакам залудно да се потрошат. Мојот сопруг постојано ги спомнува со безброј предлози како да ги потрошам. Друга работа е што тој очекува да платам речиси сè во последните неколку недели.

Така за Нова Година се сретнавме со неговото семејство во ресторан за да прославиме. Одеше добро се додека не дознав дека од мене се очекува да платам за сите. Свекрвата се шегуваше дека ќе ја платам вечерата од мојот „наследен џеб“ што ме разочара, но не регирав. Само тивко ја платив мојата храна и пијалок и станав и си отидов од ресторанот. Тие викаа по мене да се вратам.

Маж ми дојде во 3 по полноќ викајќи ми и велејќи дека е навистина патетично така да станам на сред вечера откако сите се потпираа на мене јас да ја платам нивната храна. Тој рече дека ги понижив и него и неговото семејство и дека тоа сум го направила намерно затоа што никој не ѝ помогнал на мајка ми кога била болна. Тоа не е точно. Тој вели дека сум направила огромен јаз меѓу мене и неговото семејство и можев едноставно да платам една вечера.

 

4.

Јас и маж ми сме заедно 4 години. Јас имам две деца 17 годишен син и 19 годишна ќерка и сега имаат и полубрат кој има 3 години.

Минатата недела маж ми имаше итен случај со татко му и бараше некој да го гледа 3 годишниот син. Го прашал мојот постар син, тој одбил затоа што бил договорен со другарите. Ќерка ми се заклучила во собата за да учи, а јас бев на ручек со брат ми да ја запознаам девојка му за прв пат. Маж ми на крајот го земал синот со него во болница и мајка му го гледала таму.

Дојде дома и беше бесен на сите. Не нарече бесчувствителни и себични. Јас се обидов да му објаснам дека децата биле зафатени, но ми рече да одам во пм затоа што синот можел едноставно да прескокне дружба со другарите и сестрата можела да учи додека седи со братот, а не да се заклучи во собата. Исто така ми замери и мене, но јас не можев затоа што брат ми сега беше на посета во градот и друга шанса не знаеме кога ќе имаме.

Тој ни викаше и рече дека ќе го откаже семејното патување кое го имавме резервирано. Постарите деца се налутија и рекоа дека не е фер. Му реков дека е навистина неразумно да се откаже патувањето и така да не казнува, но тој одби да дискутира. Сега не зборуваме еден со друг.

 

5.

Имам 27 години и живеам со мојата девојка која има 29. Во најголем дел работите се навистина добри и планирам наскоро да ја запросам и се надевам дека ќе имам барем неколку деца со неа.

Сепак, наидовме на конфликт.

Таа е утринска личност, а јас сум многу мрзелив наутро. Додека да се натерам да се истуширам таа е веќе будна пола саат и прави појадок. Таа сака обилен појадок наутро, јајца или француски тост или палачинки, колбаси, сланина и слично. Обично не јаде ништо за ручек поради доручекот. А јас наутро јадам ладни житарки или МОЖЕБИ ако се чувствувам амбициозно и си направам инстант овесна каша и сок од портокал и дури после половина од втората шолја кафе доаѓам на живот.

Па ја прашав мојата девојка дали некогаш ќе ми зготви и мене таков доручек. Таа праша дали ќе може да се замениме некогаш и јас да ѝ зготвам појадок. Јас и кажав не, затоа што наутро ме знае каков сум, но ја потсетив дека јас често подготвувам вечера. Таа ми рече како што се менуваме за готвење вечера, треба и за појадок а јас ѝ кажав дека нема шанси да соберам толкава енергија и да правам такви обилни доручеци. И тука започна караницата. Таа сака да правам и јас нешто за возврат. Но, кога веќе готви лесно и е да додаде уште неколку јајца или да направи неколку дополнителни палачинки! Не разбирам нешто?

 

6.

Јас сум последна година на факултет и сум зафатена со подготовки на испити во последните 2 недели. Сопругот се жали дека не поминувам многу време со него. Ден пред испитот ме покани на роденден кај другарка и јас одбив затоа што навистина не можев, а тој ме нарече себична. Пред спиење навив аларм и утрото се успав и се разбудив дури во 9. Мојот сопруг ми рече дека го сменил алармот намерно како одмазда дека не сум дошла на роденденот. Бев премногу бесна. Не ми дозволија да полагам. Сопругот е навреден и не признава дека направи грешка. Кој е во право?

 

7.

Мојот сопруг доби унапредување, јас сум многу горда на него. Но, за да го прослави овој настан, тој избра ресторан во кој се служи главно месо, тој сака ребра. Јас не го јадам тоа, повеќе сакам пилешко и риба. Го погледнав менито и сфатив дека таму нема ништо што можам да нарачам. Му предложив да избере друг ресторан, но тој одби. Тогаш решив да не одам. Мажот и децата заминаа без мене. Мојот сопруг беше многу лут на мене поради ова. Но, мислам дека ако навистина сакаше да вечераме со целото семејство, ќе избраше друго место со поразновидно мени. Кој не е во право?

 

 

8.

Имам сестра која е 6 години постара од мене.

Моите родители со години ми откажуваат во последна минута поради сестра ми. Имам кошаркарски натпревар. Извини сестра ти не сака да излезе. Дипломирам, упс, извини сестра ти имаше лош ден на работа. Тие ги пропуштија и големите и помалите настани во мојот живот поради нејзините падови.

Ја запознав љубовта на мојот живот. Решивме да го врземе јазолот. Од самиот почеток им кажав на моите родители колку сум загрижена дека сестра ми ќе ми уништи уште еден посебен момент во животот. Мајка ми постојано ми кажуваше дека тоа нема да се случи. И на крајот се случи. На денот на мојата. На денот на мојата венчавка добив гласовна порака од мајка ми: нема да дојдат затоа што кучето на сестра ми е болно.

Бев повредена, сепак мојот кум е шегаџија. Ми го зеде телефонот, потоа отиде кај мојот вереник и ме праша дали може да објави видео од нашата свадба како подарок? На социјалните мрежи.

Немав поим за тоа додека не дојдов дома. Нашиот меден месец беше во кабина покрај езерото. Немавме мобилна услуга.

Насловот на објавата беше „Мојата најдобра пријателка. Таа е неверојатна личност дури и ако нејзините родители НИКОГАШ не се појавуваат за неа„. Видеото беше сè уште слики од нас до родителите на сопругот, јас на подиумот, како ја сечеме тортата. Каде што вообичаено би ги виделе двата пара родители на свадбените слики. Звукот зад видеото беше говорната пошта на мајка ми на која објаснуваат како не можеле да дојдат бидејќи кучето на мојата сестра е болно.

Сега родителите бараат да се отстрани објавата и велат дека се ќе поправат. Реков кога ќе го поправат, тогаш ќе го избришам. Не разбирам како ќе го направат тоа, ќе дојдат на мојата свадба која помина?

 

9.

Наскоро правам свадба. Идната свекрва инсистираше да оди со мене за да избереме венчаница, избра некаков кошмар од венчаница и рече дека „секогаш ја замислувала невестата на нејзиниот син во неа“. Нормално купив друга венчаница мене што ми се допаѓа. Таа му кажа сè на својот син. Па тој ме искара што сум ја вознемирила. Се скаравме, а вчера дознав дека ми го вратил фустанот во продавница и го купил оној што го сакаше мајка му. Му се развикав, но тој ме замоли „да му дадам шанса на овој фустан“, бидејќи мајка ми го сака најдоброто. Мајка ми е бесна, но татко ми ме советуваше да не се расправам со моите роднини за ситници. Дали претерав?

 

10.

Мојата сестра го прославуваше својот 18 роденден во ресторан, но мојот сопруг не можеше да оди поради ручек со муштериите. Кога стигнав, се изненадив кога го видов мојот сопруг како седи на маса со 4 мажи. Се испостави дека закажал во истиот ресторан. Му мавнав, но тој ме игнорираше. Малку подоцна, отидов до неговата маса и прашав дали ќе одвои неколку минути за да ѝ честита роденден на сестра ми. Тој рече дека е зафатен, јас инсистирав. Ни се придружи, но изгледаше многу луто. Дома ми кажа дека сум го направила да изгледа непрофесионален и ја уништив средбата. Имавме голема караница. Дали сум во право ако мислам дека претерал?

11.

Со мојата девојка сум веќе 2 години. Наскоро ќе се венчаме. А таа има 10-годишен син од претходниот брак. Нејзиниот поранешен сопруг се разболе и Натали мораше почесто да го чува синот и почна да го носи секаде со нас. Освен некогаш кога мајка ѝ го земаше поради работа и слично.

Поради тоа почнавме да излегуваме се помалку и помалку. Но поранешниот сопруг се подобри и јас договорив дружба на плажа за викенд после долго време да одиме сами со друштво. Таа беше возбудена и подготвена. Вечерта пред да одиме таа дојде кај мене и ми рече: „Еј, Том повторно е болен и тој ме праша дали можам да го земам Тејлор да го помине викендот со нас“. Бев зачуден, прашав што му рекла и таа рече дека се согласува.

Се изнервирав и ѝ реков да не се мачи бидејќи патувањето официјално беше откажано. Таа ме погледна шокирано, но јас и реков дека не треба да се однесува шокирано и изненадено откако успешно ни уништи уште една можност да имаме квалитетно, сами заедно.

Наместо тоа, отидов со момците и таа беше вознемирена поради тоа, велејќи дека можев да се согласам да му дозволам на мојот посинок Тајлор да дојде со нас и барем ќе поминевме малку семејно реме заедно додека Том да оздрави.

Подготвен сум да бидам очув и досега имав само разбирање и трпеливост. Го сакам мојот посинок и го сметам за свој, НО мојот ПРОБЛЕМ е во тоа што неговата мајка постојано ги менува плановите во последен момент и дури и не прашува дали тоа е во ред со мене.

  • Сина Фотијадис напиша:

    Боледував од (ХЕРПЕС ВИРУС) болест во последните четири години и имав постојани болки, особено во моите интимни делови. Во текот на првата година, имав вера во Бог дека еден ден ќе бидам излечен. Оваа болест почна да циркулира по целото мое тело и јас се лекувам од мојот лекар, пред неколку недели побарав на интернет дали можам да добијам какви било информации за спречување на оваа болест, при пребарувањето видов сведоштво на некого која е излечена од (ХЕРПЕС ВИРУС) од човек наречен вуду господар и таа ја дала адресата на е-пошта и бројот WhatsApp на овој човек и ги советувала луѓето со тешка болест да контактираат со него дека и помогнал да го излечи нејзиниот рак пред повеќе од 5 години и ракот никогаш не се врати и таа е целосно излечена. Затоа му пишав на господарот на вуду кажувајќи му за мојот (ХЕРПЕС ВИРУС) тој ми рече да не се грижам дека ќе се излечам. Никогаш не верував, но морав да се обидам бидејќи многу го ценам мојот живот, здравје и удобност. По сите процедури и лекови што ми ги даде овој човек, неколку недели подоцна почнав да доживувам промени низ целото тело и вуду господарот ме увери дека сум излечен. По некое време отидов кај мојот доктор во болница за да потврдам дали конечно сум излечен и медицински ми беше потврдено дека сум излечен и мојот доктор беше многу изненаден. Така, можам смело да го советувам секое тело што се бори со каква било болест да контактира со вуду господарот. Е-пошта:::: voodooconnect60@gmail.com, WhatsApp: +2348097014925

  • анонимни напиша:

    Никогаш претходно не сум имала СПБ (сексуално пренослива болест) и никогаш не сум имала незаштитен секс. Сепак, имав дечко, кој во тоа време имаше херпес. Искрено, претпоставувавме дека тоа е само место затоа што никогаш до сега не дознавме за ХЕРПЕС. Се вклучивме во орален секс и така добив ХЕРПЕС. Фала му на Бога што го најдов вуду господарот на интернет кој направи магија и ми подготви хербален лек што го земав само 14 дена со вера, а потоа откако почнав да забележувам промени во моето тело отидов на преглед во болница и потврдив дека сум целосно излечен од ХЕРПЕС (негативен херпес). Неговите лекови немаат НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ, нема посебна диета кога земате лекови, можете да го контактирате на неговата е-пошта: voodooconnect60@gmail.com и исто така на whatsApp +234-8097014925 и да ги решите сите ваши здравствени проблеми.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *