Кој кого имитира? Модната битка помеѓу разголените Ким Кардашијан и Бјанка Ценсори продолжува – останува да видиме кој ѝ е фаворит на публиката

Ким Кардашијан, една од најпрепознатливите лица во светот, сега има потенцијална конкурентка во својата модна империја – Бјанка Ценсори. Од моментот кога Бјанка, австралиската архитектка, се омажи за Канје Вест во 2022 година, нејзиниот провокативен стил ги привлекува сите погледи.

 

 

 

Бјанка, која е позната по своите ексцентрични и смели избори на облека, предизвика бројни реакции со своите јавни настапи. Низ само две години од нејзиниот брак со Канје, таа стана центар на вниманието во Холивуд. Но, се чини дека Ким, која е поранешна сопруга на Канје, не останува рамнодушна на популарноста на Бјанка.

 

 

 

 

Иако Ким порано наводно барала Бјанка да се облекува поконзервативно во присуство на нејзините деца, во последно време таа се појавува во пооткривачки комбинации. Нејзините последни модни избори, од минимални бикини до смели боди-костуми, наидоја на споредби со стилот на Бјанка.

 

   

 

Во неколку наврати, фановите ја обвинија Ким за копирање на Бјанка. Од позирање во тесен крем костум, кој многумина го споредија со сличен избор на Бјанка, до носење минималистички топови и танга, инспирирани од изгледот на новата сопруга на Канје.

Но, оваа модна приказна има и друга страна – Бјанка исто така беше забележана во облеки што наликуваат на стилот на Ким од минатото. Нејзините кожни јакни, металик бикини и ниски панталони потсетуваат на познатиот изглед на Ким.

 

  

 

Со ова, прашањето останува: дали Бјанка ја прилагодува својата смелост за да се приближи до стилот на Ким, или Ким намерно ги адаптира трендовите што Бјанка ги популаризира? Без разлика кој кого инспирира, едно е јасно – модната битка меѓу овие две „стилски икони“ продолжува да го привлекува вниманието на јавноста.

  • tlovertonet напиша:

    Hello, Neat post. There is a problem along with your web site in internet explorer, may test this?K IE still is the market leader and a huge section of other people will pass over your magnificent writing because of this problem.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на tlovertonet Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *