Кој многу работи – многу има: Ѕвезда на OnlyFans, Ени Најт, ја открива својата месечна плата откако спиела со 500 мажи за еден ден
Австралијката Ени Најт (27), креаторка на содржини за возрасни, откри дека моментално заработува околу 300.000 американски долари месечно — или над 3,5 милиони долари годишно — преку OnlyFans. Оваа вртоглава сума доаѓа по нејзиниот контроверзен потег кога јавно објави дека имала секс со над 500 мажи за само еден ден, што веднаш предизвика огромно медиумско внимание и пораст на нејзината популарност.
Најт, која претходно работела во маркетинг, вели дека на почетокот заработувала околу 5.000 долари месечно, но по отказот од работа решила целосно да се посвети на OnlyFans. Тоа ѝ донело значителен пораст на приходите – прво 30.000 долари месечно, па 100.000, а денес таа редовно остварува по 300.000 долари месечно.
„Да, завршив во болница по секс со 583 мажи – но не жалам“
Иако сексуалниот подвиг ја довел до болничко лекување поради неочекувано крварење, подоцна дијагностицирано како симптом на ендометриоза, Ени вели дека не жали за тоа. Напротив – нејзината популарност и приходите драстично пораснале по настанот. „Желна сум повторно да направам ваков предизвик. Само сакам да биде нешто забавно и возбудливо,“ изјавила таа на социјалните мрежи.
И покрај високите приходи, Најт вели дека не се расфрла со пари. Поседува четири имоти во Австралија, има хипотеки за три од нив, и неодамна го купила својот сонуван дом во Квинсленд за 2,7 милиони долари. Секогаш, како што вели, соодветно ги плаќа даноците и вложува во иднината. „Најдобриот дел од заработката е што можам да си го живеам животот слободно и да им помагам на луѓето што ги сакам,“ вели Ени.
Коментирај анонимно