КОЈ СУМ ЈАС, СОКРАТЕ?

„Кој сум јас?”, младото момче го прашало Сократ.
„Ти си она што ти мислиш“, му одговорил Сократ.
„Ќе ти објаснам со една приказна“.

„Еден ден, покрај градските ѕидини, во квечерината можеа да се видат две личности што се прегрнуваат“.

„Тоа се тато и мама”, помислило невиното дете.
„Тоа се љубовници”, помислил човекот со расипана фантазија.
„Тоа се двајца пријатели што не се виделе долго низ годините”, помислил човекот што живее сам.
„Тоа се двајца трговци што склучиле добра зделка”, помислил алчниот човек.
„Тоа е ќерка која го прегрнува својот татко што се вратил од пат”, помислил човекот кој е тажен поради смртта на својата ќерка.
„Тоа се двајца заљубени”, помислила девојката која сонува за љубов.
„Тоа се двајца што се борат до смрт”, помислил убиецот.
„Којзнае зошто се прегрнуваат”, помислил тесноградиот.
„Колку е убаво да се видат две личности што се прегрнуваат”, помислил некој добар човек.

„Секој мисли”, заклучил Сократ, „во зависност од тоа кој е и што носи во себе. Проникни во своите мисли: ти можеш да кажеш многу повеќе за тоа кој си птколку кој било друг”.

Огромна е моќта на потсвеста. Човековата среќа или несреќа извира од него самиот. Сигурен сум дека и самите сте се увериле како различни луѓе сосема исти работи можат да ги толкуваат на сосема спротивен

  • Ljube напиша:

    Mnogu vreme pomina od sSokrat makedonecot…mnogu. tnocka e prikaznata a i ne e od nego…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *