Која е разликата помеѓу ѕвезда и колбас? Француски научник „ги запали“ социјалните мрежи со неговата објава

Физичарот од Франција по име Етјен Клајн на својот „Твитер“ профил објави „слика од вселената“, за која подоцна мораше да се извинува. На фотографијата, како што тој тврдел, се гледа дискот на ѕвездата Проксима Кентаури.

Клајн коментираше дека фотографијата е направена со познатиот телескоп „Џејмс Веб“.
И тогаш се покажа дека тоа воопшто не е ѕвезда, туку чисто копнеен објект – парче колбас. Колбас наместо ѕвезда?

Во меѓувреме, додека стоеше објавата, големиот дел од неговите следбеници му веруваа на научникот. Да, па зошто да не ? Клајн е добро познат професионалец во научните кругови, а да се види нова слика од најблиската ѕвезда до Сонцето (оддалечена е 4,24 светлосни години) е секогаш интригантно и интересно.

Сепак физичарот не сноси никаква одговорност за оваа лажна објава, иако тој објави неколку извинувања и објаснувања на неговите социјални мрежи. И научниците сакаат да се шегуваат зар не?

Што се однесува до сликите, „Џејмс Веб“ не може да ја фотографира Проксима Кентаур, бидејќи овој телескоп е дизајниран да фотографира далечни објекти, а не соседни ѕвезди. И, се разбира, следбениците на Клајн кои се љубители на вселената се сомневаа во некаков валкан трик, но научникот не се смета себеси за виновен за фактот дека останатите веруваа. Згора на тоа, тој објаснува дека со својот чин сакал да покаже колку брзо се шират сите информации, вклучително и лажните информации на Интернет.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *