Која мала слатка тајна ја криете со години од вашиот партнер? Ви издвојуваме 11 такви тајни!
Се верува дека во врската не треба да има тајни. И ова е точно кога станува збор за нешто значајно и сериозно. Но, хероите од оваа статија имаат мали тајни што ги чуваат од своите најблиски. На пример, за тоа кој навистина го скршил држачот за пешкири или кој бил првиот збор на детето. Ваквите работи не им штетат, туку само ги зајакнуваат односите.
Ви издвојуваме трогателни ситници кои луѓето не можат да им ги кажат на своите сродни души.
1.
Сестрата на сопругата ѝ купи печатена чаша со цртеж за роденден. И случајно еден ден бришејќи ја масата ја скршив. Потоа го направив некако повторно цртежот и ѝ купив нова, но и таа ја скршив. И потоа купував нови и пак се кршеа, па новите чаши се помалку и помалку личеа на оригиналот.

2.
Ни остана пола сладолед во фрижидерот. Многу ми се јадеше ама за да не се лути жена ми дека не сум ѝ оставил ништо си реков ќе јадам малку. Ама јадев, јадев и на крај го изедов цел. Потоа отидов во продавница купив нов, го изедов до пола и го ставив во фрижидерот.
3.
Мојот сопруг е толку горд за подарокот што ми го купи за Божиќ. Што успеал да го протне покрај мене и да го крие до Божиќ, а постојано ми бил подарокот пред нос.
Знаев. Забележав дека го нема палтото го нема од продавницата и како ја носи огромната торба. Изгледаше толку гордо и среќно кога го отворив, и постојано се фали со тоа како не сум знаела и не сум видела, секогаш кога го носам капутот или зборуваме за подароци. Тој е толку горд на себе и секогаш изгледа толку среќен што никогаш нема да му кажам.
4.
Кога јас и мојата девојка одиме да јадеме во ресторан, понекогаш начинот на нарачување е преку нашиот телефон. И тогаш пишувам барање во посебни желби: на девојката да ѝ се даде комплимент за нејзината облека. Воодушевен сум од тоа како таа реагира и затоа никогаш нема да и го признам овој трик.

5.
Нашата ќерка ги направи првите чекори 2 недели пред сопругот да ја види како оди. Но, јас молчев се додека таа не прошета пред него. Беше толку возбуден што ги виде нејзините први чекори!
6.
Мојата сопруга еднаш зготви пржен ориз со ракчиња. Изедов сè и не кажав ништо, иако не беше воопшто вкусно. Беше навистина одвратно.
7.
Мојот дечко не знае многу за растенијата, но на почетокот на нашата врска купи кактус и сега многу го сака. Затоа, не можам да му кажам дека овој кактус се исушил пред долго време.

8.
Секогаш кога мојот партнер оди во продавница, тој ми купува пијалок за кој мисли дека го сакам и ми е омилен, а немам срце да му кажам дека никогаш не сум го сакала бидејќи тој е многу горд на себе што нашол нешто што навистина ми се допаѓа. Ова трае веќе 2 години.
9.
Жена ми ја изгуби бурмата. И постојано се обвинуваше за ова, мислеше дека е лоша сопруга, бидејќи изгубила нешто толку важно. За да ја поддржам, направив копија од прстенот и го ставив таму каде што можеше да го најде подоцна. Беше толку среќна, затоа никогаш нема да ѝ кажам дека е копија.

10.
Мојата сопруга работеше многу напорно, а јас го чував детето. Се чувствуваше виновна и ужасно загрижена. Што и да се случи, никогаш нема да ѝ признаам, дека нашата малечка го кажа „тато“ како прв збор. Кога рече „мамо“, овој момент го забележавме прв збор и така ќе остане.
11.
Мојата тајна е дека не сум алергичен на јаткасти плодови. Само го мразам нивниот вкус. Но, тоа беше единствениот начин да се осигурам дека мојот сопруг никогаш нема да ми купи ништо со јаткасти плодови или да ме бакне откако ќе ги изеде. Ова го кријам околу 20 години.

Коментирај анонимно