Колач со јаболко без брашно: Лесен и вкусен десерт кој се топи во устата
Кога сакаме да направиме нешто слатко, вкусно и малку поразлично од традиционалните десерти, колачите со јаболка секогаш се добар избор. Овој рецепт за колач со јаболко без брашно е идеален за оние кои сакаат полесен и малку поегзотичен десерт. Со својата комбинација на свежи јаболки, гриз и кремаст фил, овој колач нуди баланс помеѓу свежина и слаткост, додека истовремено е лесен за подготовка. Без употреба на брашно, овој колач е совршен и за оние што сакаат да експериментираат со десерти. Ајде да погледнеме како се прави овој вкусен десерт!
Потребни состојки:
- 700 мл млеко
- 200 мл слатка павлака
- 200 грама гриз
- 125 грама маргарин
- 330 грама шеќер вкупно
- 2 кесички пудинг од ванила
- 1 кесичка шлаг пена
- 1 прашок за пециво
- 2 јајца
- 4 изрендани јаболки без лушпа
Подготовка:
🍰 Во 700 мл млеко и 130 гр шеќер сварете 2 кесички пудинг од ванила. Покријте го со целофан фолија и оставете да се излади.
🍰 Изматете 2 јајца со 200 гр шеќер. Додадете 250 мл млеко и 100 мл масло и тоа изматете го кратко. Додадете 200 гр гриз и 1 пециво. На крај додадете 4 изрендани јаболки ( без лушпа ). Тестото е доста ретко но такво треба да е. Печете во подмачкано тавче со хартија на дното, во тепсија со пречник 28 цм, во загреана печка на 180 степени околу 35 до 40 мин, зависно од печката. Печете внимателно затоа што е специфично тесто без брашно. Пробувајте со чепкалка. Печено и изладено внимателно превртете го на тацна, отстранете ја хартијата и повторно превртете го. Најдобро е да се пече во тепсија со обрач кој се вади но може и во обична, само внимателно.
🍰 Изладениот пудинг соединете го со 125 гр маргарин изматен со прашок од 1 кесичка шлаг пена. Намажете го филот врз тестото.
🍰 Изматете 200 мл слатка павлака и намажете ја врз филот.
Автор: Магична ГАЛА кујна
Коментирај анонимно