„Колешката на мојот сопруг ми се претстави како негова „работна сопруга“ – дали сум во право за начинот на кој изреагирав?“

Една жена откри како останала вознемирена откако колешката на нејзиниот сопруг се претставила како „неговата работна сопруга“.

Па се обрати на британската платформа Mumsnet совет. Објавата гласеше:

„Отидовме настан од работа вчера попладне, чиј домаќин беше фирмата на мојот сопрут. Се одржуваше во преубава градина и со нетрпение чекав да одиме, дури купив и нов фустан. Како што стигнавме после десетина минути дојде една жена кај нас (поточно кај него затоа што јас бев два чекори подалеку бидејќи земав пијалоци) и се поздрави.

Кога се свртев накај нив со пијалоците таа некако нападно настапи и ми рече „Прекрасно е што те запознав, но морам да ти кажам нешто, престани да му пакуваш толку многу ручек на Џон затоа оди директно тука“.  И со цел памет го тапкаше по стомакот!

 

Потоа рече нешто во смисла дека можеби таа отсега треба да му носи ручеци и тоа беше проследено со една таква страшна смеа што ме натера да посакам да ѝ удрам шамар.

Мислам дека реков нешто во како „што по ѓаволите?“ или „која си ти по ѓаволите?“. Како и да е, нејзиното лице се скамени и почна да се обидува да ме смири. Таа рече дека не сака да ја сфатам погрешно, само дека таа му е „работна сопруга“ и едноставно била опуштена бидејќи се чувствува како веќе да ме познава од Џон што толку многу зборува за мене. Значи пазете, целата оваа интеракција траеше можеби 20 секунди. Одеднаш „виде пријател со кој сакаше да поразговара“ и веднаш си замина.

Е сега мојот сопруг е апсолутно бесен на мене што сум била груба. Дали бев груба? Остатокот од настанот го поминав околу неколку негови колеги кои добро ги познававме пред неколку години (сега е во друг оддел) а јас не знам како тој ја помина вечерта. Си одевме дома заедно, но во тишина. Денес тој многу ладно рече дека моето однесување го тера да ги преиспитува работите, што претпоставувам дека значи да го доведе во прашање нашиот брак. Не можам да одлучам дали сум бесна на него или уништена што ми е лут, или и двете. Сè уште немам поим која е оваа жена која се чувствува доволно удобно за да го тапка мојот сопруг по стомакот. Дали сум толку неразумна што реагирав како што реагирав?“

  • Филип напиша:

    Мотика, еве напишав еден краток текст, кој што со добар наслов и некој слика симната од интернет, би бил одличен за читање :

    “Секогаш кога мојот сопруг ги соблекуваше патиките после тренинг, забележував дека левата чорапа му е со дупка на глуждот. Тоа се повторуваше неколку месеци, секој ден.
    Од почетокот не обрнував некое посебно внимание на овој детаљ, но еден ден веќе не можев да издржам, и му реков дека редно време е да ги смени чорапите. “

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *