Колку луѓе се потребни за да сменат една сијалица? Одговорот зависи од професијата (виц)

Колку дипломирани студенти се потребни за да заменат сијалица?
– Еден, али тоа може да трае 5 години.

Колку маринци се потребни за да заменат сијалица?
– 50. Еден ја заменува, а другите 49 чуваат стража.

Колку народњаци се потребни за да заменат сијалица?
– Двајца. Едниот да ја замени, а другиот да напише песна, колку старата била добра.

Колку пијаници се потребни за да сменат светилка?
– Двајца, едниот да ја држи светилката, а другиот да пие додека собата не почне да се врти.

Колку писатели се потребни за да заменат сијалица?
– Двајца. Едниот да ја замени, а другиот да направи природна атмосфера.

Колку плавуши се потребни за да заменат сијалица?
– 5. Едната ја држи сијалицата, трите ја вртат плавушата, и последната пази да не дојде струја!

Колку Пољаци се потребни да заменат сијалица?
– Еден, али ти требаат и 6.000 руски војници, во случај пољакот да штрајкува.

Колку програмери се потребни за да заменат сијалица?
– Ниту еден, тоа е хардверски проблем.

Колку психолози се потребни за да заменат сијалица?
– Ниеден, сијалицата ќе се смени сама кога ќе биде спремна.

Колку Сицилијанци се потребни за да заменат сијалица?
– Тројца. Еден да ја замени, вториот да биде сведок, а третиот да го убие сведокот.

Колку службеници се потребни за да заменат сијалица?
– 45. Еден ја заменува, а останатите 44 ги пополнуваат формуларите.

Колку шовинисти се потребни за да заменат сијалица во кујна?
– Ниту еден, нека готви ку*вата во темница.

Колку шумари се потребни да заменат сијалица?
– Одговор: Сијалицата уште не е пронајдена.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *