Колку општествената позиција и ситуираноста влијаат на нас? Претставата „Слугинки“ од нашите млади уметници ќе ви одговори на тоа прашање на 27 февруари во Јавна Соба

Претставата „Слугинки“  зборува за виорот кој го зафатил денешниот свет, каде лесно човекот се губи себеси, своите вредности и станува еден сосема нов организам, толку нов што се чини и деформиран. Оваа претстава ни покажува примери за тоа како општествената позиција, ситуираноста и хиерархијата влијаат на нас. Дали си слуга само кога до тебе има господа ? Ова е претстава за двојноста на човекот, кој чекори на ивицата на гротеската и реалноста.

 

Каде во оваа денешна голема игра за моќ се губи еден човек кој само мечтае за подобро утре и дали тој воопшто има место под сонцето денес?! Дали и колку човекот може да остане добар и чесен кога се наоѓа најдолу на пирамидата на хиерархијата?

„Лесно е да се биде добар кога си господар, пробај биди добар и чесен кога си слуга“

Кога во оваа голема игра и претстава, животот станува за час посилен од се и става еден свој крај, или можеби различен почеток.

 

Претставата „Слугинки“ од Жан Жене е во режија на Теодора Силјаноска, а на 27 февруари во Јавна соба (Public Room) од 20 часот ќе се одржи нејзината прва изведба после успешната премиера.

Во претставата играат Марија Цветановска, Кристина Гиева и Ванеса Тримчевска.

Билетите се по цена од 300 денари и може да ги резервирате на 078 427 144 или 075 351 241 или пак да ги набавите онлајн преку следниот линк: kupikartizase.com.

  • G напиша:

    Imav moznost da ja poglednam pretstavata i navistina e odlicna,vi ja preporacuvam na site.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на G Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *