Колку пари би дале за да ги гледате вакви на кино? Уметник со помош на вештачка интелигенција ги „оживеа“ ликовите од „Симпсонови“

„Симпсонови“ се ТВ серија од 1989 година и се едни од најомилените ликови кои сега оживуваат. Графичкиот дизајнер „Princess Prompt“, кој не го открива своето вистинско име, ги откри резултатите на социјалните мрежи откако побара од програмата за вештачка интелигенција „Midjourney“ да ги замисли анимираните ѕвезди како вистински луѓе.

Меѓу оние кои ненадејно се трансформираа беа и истоименото семејство, како и Нед Фландерс, Милхаус ван Хаутен и г.Бернс. Експериментот даде некои импресивни резултати, при што обожавателите се собраа по коментарите за да ги споделат своите размислувања. Еден напишал: “Ова е неверојатно! Сите изгледаат совршено, штета што нема да го видиме ова во реалниот живот наскоро. Би одел во кино поради ова!” Друг додаде: „Ова ме тера да се смеам толку многу!!!!“ А трет едноставно рече: „Апсолутно брилијантно“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *