Комитите на пат кон Крушево поминаа низ Гостивар

Секој Илинден, десетици коњаници од различни краеви на Македонија тргнуваат кон Крушево, продолжувајќи ја традицијата што со децении го симболизира патот кон слободата и почитта кон илинденците. Облечени во народни носии и носејќи македонски знамиња, тие минуваат стотици километри низ планини и села за на 2 Август да пристигнат на Мечкин Камен. За многумина ова не е само јавање, туку поклон пред жртвата на хероите од Илинденското востание и можност историското наследство да се пренесе на помладите генерации. Пристигнувањето на коњаниците во Крушево секоја година е еден од највпечатливите и најемотивните моменти од чествувањето на Илинден.

  • Riste напиша:

    Дали имаа натоварено бар некое шише вода да им остават на жителите на Гостивар или од кама,пиштол и заклетва од пред 100 и шуќур години се живее?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *