Комшијата ми дојде на вратата затоа што имал проблем со моето WiFi
Човекот си крадел WiFi две години и наеднаш некому му текнало да стави пасворд. Теоријата на стариот е дека ако твоето WiFi зрачи на јавна површина, тој сигнал повеќе не е твој и може да си го користи кој сака. Затоа бара да му го каже пасвордот и решен проблем.

Со вакви типови, тешко е човек да се разбере! Пред некоја година, ме викна комшиката и кочел компјутерот. Ми требаше време да откријам дека наместо 1, инсталирала 2 анти-вируси (така и рекла колешка)! Џабе се трудев да и објаснам дека нема потреба за тоа! Вика „сигурно си е сигурно“!? П.С. Голо до голо – дупло голо!
Коментирај анонимно