Конечно научниците ја објаснија промајата и нашите родители биле во право
Со доаѓањето на топлото време, многумина прибегнуваат кон вентилатори и клима уреди за да се разладат. Но, според д-р Нахид Али, здравствен експерт и доктор по медицина, спиењето со вентилатор на пример, и тоа вклучен цела ноќ може да создаде скриен стрес за телото. Постојаниот проток на воздух може да ги исуши синусите и грлото, предизвикувајќи чувство на сувост и затнатост наутро. Исто така, може да предизвика стврднување на мускулите и да поттикне движење на прашина, што го влошува здравјето кај лицата со алергии или астма. На сите Балканци ова нѝ е познато како промаја.
Алтернативи за разладување
За оние кои не можат да заспијат без вентилатор, д-р Али препорачува користење тајмер кој ќе го исклучи уредот по првите 90 минути, да се насочи протокот на воздух кон ѕид наместо кон телото, и да се има чаша вода при рака за ублажување на сувоста во устата. Дополнително, советува редовно перење на постелнина и менување на филтри за намалување на честичките во воздухот.
Психологот и експерт за спиење д-р Линдзи Браунинг истакнува дека телесната температура природно се намалува при заспивање, па затоа претоплата просторија го отежнува процесот. Исто така, користењето спреј со ладна вода на лицето, вратот или перниците може да помогне да се намали телесната температура и да се олесни спиењето во жешките ноќи што претстојат.
Во секој случај отворете две врати или врата и прозорец за да проветрите во просторија, но не додека сте вие таму, затоа што лесно ќе ве фати промаја.
Коментирај анонимно