Коњи од кралската гарда избегаа во Лондон и најмалку 5 случајни минувачи се повредени

Седум коњи на кралската оњаница, истрчаа во центарот на Лондон откако ги фрлија своите воени јавачи за време на нивната утринска вежба.

 

 

 

Пет лица, вклучително и еден војник кои јавале на коњите, беа повредени во три одвоени инциденти за време на дивеењето од шест километри во средата, кое траеше два часа. Четири лица се хоспитализирани. Се дознава дека тројца од нив се војници кои не се здобиле со повреди опасни по живот.
Еден војник на домашната коњаница останал во болки откако бил фрлен од својот коњ кога удрил во автомобил кај хотелот „Клермонт“ на патот Бакингемската палата, Викторија.

 

Коњите биле исплашени за време на нивната секојдневна утринска вежба на Парадата на гардата на коњите, во Вајтхол, околу 8.40 часот. Еден од коњите, исто така, навидум налетал на двокатен автобус и ја скршил шофершајбната, додека друг наводно удрил во автомобил.

 

 

 

Башир Аден (48), градежен работник, изјави за „Телеграф“: „Видов како војник паѓа на улица откако коњот налета на автомобил. Еден од моите колеги повика полиција“.

Сите коњи биле фатени и евидентирани до 10.30 часот, соопшти Мет полиција.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *