Контроверзиите што фрлаат дамка врз светоштвото на Мајка Тереза

Мајка Тереза е позната како симбол на добрина и пожртвуваност, но нејзината биографија содржи и многу контроверзии. Родена во 1910 година во Скопје, таа од млада возраст покажувала сочувство кон сиромашните и болните. На 18 години се приклучила на католичкиот ред „Ирски сестри Лорето“ и подоцна заминала во Калкута, каде што го добила името сестра Тереза. Нејзиниот живот бил посветен на помош на најзагрозените, што ѝ донесе светска слава и канонизација во 2016 година.
Сепак, сведоци тврдат дека таа одбивала да им даде лекови на тешко болните, верувајќи дека страдањето ги приближува кон Бога, додека самата се лекувала во скапи приватни клиники. Исто така, има нејасности околу големите финансиски средства на нејзиниот фонд и нивната намена.

 

 

Контроверзиите што фрлаат дамка врз светоштвото на Мајка Тереза

Девојката Антихрист

Друга мистерија поврзана со неа се нејзините наводни пророштва. Најконтроверзното предвидување било за појава на „девојка-Антихрист“ која ќе донесе мир и благосостојба. Според неа, светот ќе биде управуван од четири Виши Разуми, а петтиот владетел ќе биде токму оваа мистична личност, која ќе се обедини со Бога. Под нивното водство, човештвото ќе живее во хармонија, без војни, болести и сиромаштија.
Овие контроверзии го отвораат прашањето: дали Мајка Тереза навистина била светителка, или нејзиното наследство е покомплексно отколку што се прикажува?

 

Девојката Антихрист