Копањето криптовалути со трошење многу струја заврши! Втората по големина крипто валута Етер направи успешна традиција на 99.95% поеколошки начин на копање!

Сите копачи на криптовалути беа против оваа транзиција, затоа што ќе останат без работа, но од друга страна пак, сите крипто ентизијатсти беа за, затоа што со тоа се отстранува најголемиот проблем поради кој криптовалутите беа оспорувани.

Сега следи период на масовно прифаќање на ова револуционерно платежно средство кое е многу повеќе од тоа. Копачите, кои го влечеа целиот систем надолу паднаа, на ред се банкарите.

За оние кои не се многу упатени, поседувањето криптовалути не е ништо поразлично од користењето платежна картичка. И во двата случаи плаќаш а ниту земаш ниту даваш пари. Сè што имаш е сметка на која е запишана одредена сума. Ако плаќаш сумата на твојата сметка се намалува, а сумата на сметката на примачот се зголемува.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *