Кралицата со нејзините потомци: Мадона (64) сподели ретка семејна фотографија со сите нејзини деца, по повод „Денот на благодарноста“

Мадона го помина со семејството Денот на благодарноста.

64-годишната пејачка на „Rebel Hearts“ со сите нејзини шест деца го прославува годишниот празник во нејзиниот дом во Њујорк. Децата се Лурд (26), Роко (22), Дејвид (17), Мерси Џејмс (16) и близнаците Естере и Стел (10).

 

„За што сум благодарна………….“, напиша пејачката на објавата, чиј сингл „Erotica“ неодамна беше објавен по повод 30-годишнината од издавањето на нејзината книга.
Мадона носеше црн фустан под кој  блесна нејзиниот црн градник од тантела. Таа додаде црни чорапи и шилести црни чизми со црни ракавици.

Последен пат таа беше видена со своето семејство во август на нејзиниот 64-ти роденден во Италија.

 

 

„Tanti auguri“, напиша таа на семејната фотографија, што на македонски би се превели како „најдобри желби“.

Мадона го посвои синот Дејвид, што очигледно го украде шоуто на фотографијата, во 2006 година, кога имал само 13 месеци, со поранешниот сопруг Гај Ричи. Откако го виделе болен од пневмонија во сиропиталиштето во Малави, каде што таа имала фонд за помош, парот добил дозвола за неговото посвојување.

 

Зборувајќи за љубовта на нејзиниот син кон модата на „The Tonight Show“ со Џими Фалон, таа неодамна рече: „Тој може да облече секаква облека и да изгледа необично како што знаете“, додавајќи: „Навистина е иритирачки. Тој ја носи мојата облека и изгледа подобро во неа од мене. Тој дури може да облече фустан и да изгледа како вистински маж“.

Со текот на годините, мега-ѕвездата, исто така, гордо споделуваше фотографии од стилските облеки на Дејвид, вклучително и клип на кој тој носи еден од нејзините лелеави бели фустани.

На друго интервју, таа речедека и тој како и неговата мајка, работи на своја музика.

Освен Дејвид, Мадона ја посвои и ќерката Мерси Џејмс од Малави во 2009 година, а потоа и близначките Стела и Естер во 2017 година, кога и двете имаа четири години. Мадона го дели својот син Роко со поранешниот сопруг Гај Ричи, а нејзината ќерка Лурд Леон со поранешниот партнер Карлос Леон.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *