„Кралот Чарлс сѐ уште секаде патува со своето плишано мече!“, тврди Кристофер Андерсен, авторот на книгата за актуелниот монарх и близок пријател на кралското семејство

Кралот Чарлс во неговото детство имал сентиментална приврзаност кон неговото плишано мече кое и ден -денес го придружува насекаде, тврди еден од најблиските членови до семејството, кралскиот биограф.

Кристофер Андерсен, автор на книгата „Кралот: Животот на Чарлс III“, изјави за „Entertainment Tonight“, дека новиот монарх (73) толку многу го сакал своето плишано мече што дозволил само една личност да го зашие кога се искинала – неговата дадилка од детството, Мејбел Андерсон.

 

Авторот додаде дека, како млад принц, но и во зрелоста, Чарлс се однесувал со плишаното мече „како со свое дете“.
Во новата биографија, најпродаваниот американски автор тврди дека помошникот на Чарлс, Мајкл Фосет, бил задолжен да се грижи за мечето и да знае каде се наоѓа во секое време.
Авторот Кристофер Андерсен напишал: „Тој беше веќе во четириесеттите години и секој пат кога ќе требаше да се поправи мечето, ќе си помислите дека тоа е негово дете на тешка операција“.
Тој додаде: „Мечето одеше секаде со Чарлс“.

 

Г-ѓа Андерсон, која сега има деведесетина години, се приклучила на кралското домаќинство кога на Чарлс му требала помошник медицинска сестра и станала една од најдоверливите слуги на семејството, како и добра пријателка на покојната кралица.

 

На нејзиното интервју за работа било интересно што таа била единствената апликантка која „не се тресела од возбуда“.
Писателот, исто така, тврди дека, ако е поканет некаде на вечера, монархот носи свој готвач за да може да си подготви сопствен оброк посебно по негова желба. Сепак, авторот призна дека ова е тврдење што кралот претходно го негирал.

 

Книгата исто така го опишува времето на Чарлс во шкотскиот интернат Гордонстоун како „чист пекол“. Тој додаде дека голем дел од личноста на Чарлс може да се проследи уште во неговото детство кое било „очајно осамено“.

 

  • Deni напиша:

    mister bin, a i so pametot e tuka, samo uste eden degenerik koj misli deka ako se rodil kaj kral, deka e semoken, da semoken e ama e degenerik

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Deni Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *