Кристијано Роналдо ги покажа стомачните, Џорџина Родригез новата тетоважа. Што прави еден од најактуелните парови деновиве?

Португалскиот ас Роналдо позираше во маслинесто зелени шорцеви од неговиот бренд „CR7“ и ја запали јавноста.

Кристијано го лансираше брендот „CR7“ во 2013 година, откако наводно не можел да најде производи на пазарот што одговараат на неговите „стандарди за долна облека“.

Според веб-страница, брендот е одржливо фокусиран и нивните производи се создадени имајќи ги предвид и спортистите и остроумните купувачи на облека.  Неговата партнерка Џорџина Родригез исто така се поднови со нова тетоважа и ја покажа на „Инстаграм“ во неделата, додека парот се сончаше  во Португалија.

Џорџина е мајка на ќерките Алана Мартина, четири години и четиримесечната Бела. Таа е маќеа на трите деца на Кристијано, Ева, Матео и Кристијано Џуниор.
Убавицата позираше и за селфи облечена во бикини со леопард принт додека се потпираше на грбот без кошула на Роналдо.

Ова не е единствената тетоважа која убавицата ја покажа оваа година, бидејќи минатиот месец Џорџина доби две крилести херувими, шест месеци по катастрофалната загуба на едно од нејзините близнаци.

Парот ја објави трагичната загуба на своето машко бебе при породување на 18 април, нивната ќерка Бела Есмералда преживеа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *