Кристијано Роналдо ќе купува голф терен за да го сруши објектот, затоа што му го расипувал погледот од вилата од 17 милиони евра!

Суперѕвездата на Манчестер Јунајтед , Кристијано Роналдо, сака дополнително да фрли пари со купување и рушење на локален голф терен, бидејќи плацот го уништувал погледот од неговата вила која е во изградба, гледајќи од неговиот дом во Португалија.

Новиот дом на Роналдо од 17 милиони фунти ќе може да се пофали со луксузни карактеристики како што е автоматскаta подземна гаража со лифтови коja му овозможува да избере еден од неговите суперавтомобили од неговата огромна колекција.

Но, 37-годишникот сега бара начини да ги подобри околните области на неговиот прекрасен имот на „Quinta da Marinha“ и не е задоволен од близината на соседниот голф клуб „Оитавос“.

Како решение за својот проблем, Роналдо сака да ги купи голф куќата и паркингот, да ги уништи и да ги пресели во друга област, во обид да обезбеди поголема приватност за своето семејство.

Капитенот на Португалија, наводно, им наложил на своите адвокати да започнат преговори со теренот за голф, пред да биде завршен неговиот нов дом, во кој планира да се пресели со девојката Георгина Родригез и неговите пет деца.


Имотот од 12.000 квадратни метри треба да биде завршен на почетокот на следната година и може да се пофали со низа карактеристики што би ги очекувале од некој со 500.000 фунти неделна заработувачка.

Неговиот прекрасен крајбрежен имот ќе има експанзивни луксузни спални соби кои обезбедуваат поглед на Атлантскиот Океан, базени, кино, соба за игри и многу повеќе.

Но додека фудбалерот се занимава со својот дом, неговата кариера доживува удар.

Рекордерот на сите времиња во „Лигата на шампионите“, сака да се приклучи на екипа која се натпреварува во највисокото европско клупско натпреварување, откако лошата кампања го донесе „Јунајтед“ во „Лига Европа“.


Роналдо никогаш не се натпреварувал во Лига Европа и сака да го избегне тоа додека навлегува во самракот од својата кариера, а неговиот агент Жорге Мендеш се обидува да му обезбеди излез на својот клиент цело лето.

Марсеј е последниот клуб кој се поврзува со трансфер за глобалната икона. Роналдо е подготвен да остане во клубот поради недостигот на понуди за неговите услуги. Тој беше оставен на клупата од Ерик тен Хаг за нивната победа од 2-1 над Ливерпул на Олд Трафорд во понеделникот вечерта, пред да влезе како замена во 85. минута.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *