Кристина Ричи спие во ист кревет со нејзиниот осумгодишен син и не ѝ е гајле што мислат другите
Кристина Ричи се отвори за воспитувањето на нејзините две деца, деветмесечната ќерка Клеопатра и осумгодишниот син Фреди. Во едно интервју 42-годишната актерка откри дека нејзиниот син сè уште го дели креветот со неа додека нејзината ќерка веќе спие сама.
„Фактот што можам да ја спуштам во креветчето и таа само да спие кога моето осумгодишно дете сè уште спие со мене е неверојатно“, признала таа.

Кристина призна дека имала тешкотии со Фреди да спие сам, а сепак нејзината ќерка прилично лесно се адаптирала.
Кристина го дели синот Фреди со нејзиниот поранешен сопруг Џејмс Хердеген и ќерката Клеопатра со нејзиниот сопруг Марк Хемптон.

Многу велат дека не е здраво да се спие долго време со детето и дека треба уште од мало да го навикнете да спие само. Што мислите вие дали е во ред што таа сè уште спие со нејзиниот осумгодишен син?

Коментирај анонимно