Крвав одмор во Турција: Љубоморна жена го убила своето 10 години помладо момче, откако дознала дека ја изневерил
Британска туристка го турнала своето момче до смрт од балконот на нивниот хотел по бесен спор во нивната крвава соба, според судот во Турција.
Таткото на едно дете Рис Пеграм починал на лице место откако паднал во бетонски двор од хотелот со пет ѕвезди во Сиде, Анталија, каде што престојувал со неговата девојка Мери Мејерс Кејли. Судот во Манавгат претходно оваа недела слушна дека кога полицијата ја истражувала смртта пронашла крвави дамки низ целата соба на парот.

Персоналот на хотелот изјави дека парот пиел многу неколку часа пред инцидентот. 31-годишната Кејли, родена во Шкотска, се вели дека била толку пијана што персоналот на хотелот морал да ја однесе во нејзината соба, додека во судските извештаи пишувало дека 21-годишниот Пеграм отишол во лобито на хотелот околу 20 часот за да побара уште алкохол, но му била одбиена услуга бидејќи веќе бил пијан.
Во телото на Пеграм при посмртниот преглед биле пронајдени и траги од кокаин. Обвинителите изјавија на судењето дека двојката бесно се расправала во моментите пред смртта на Пеграм.

Но, Кејли – соочена со 24 години зад решетки за убиство – негираше дека го убила своето момче кога полицијата ја испрашуваше по инцидентот. Таа тврдеше дека крвавите дамки во собата се од случајно сечење на палецот додека влегувала во туш, додека инсистирала дека дамките од крв во креветот биле од се*с сесија.
Таа на почетокот признала дека се скарала со Пеграм откако дознала дека ја изневерил со поранешна девојка.Но, таа подоцна ја променила својата верзија на настаните, тврдејќи дека исекотина на нејзината рака е предизвикана од скршено стакло и дека наместо тоа се расправале за употреба на дрога.
Кејли пред судот раскажа како отишла во тоалет по жестоката кавга, но кога повторно се појавила, нејзиното момче повеќе не било таму. Таа рече дека потоа легнала, а полицијата пристигнала на местото додека таа спиела.

Хејли им кажа на обвинителите дека Пеграм бил крал на дрога во Британија во очигледен обид да го дискредитира. Објаснувајќи дека отишле да се тетовираат и да играат Табла во салонот за тетовирање, Кејли пред судот изјави: „Рис е еден од важните дилери на дрога во Англија. Тој праша дали има каде да се купи дрога овде.“
Таа исто така тврдеше дека ден пред неговата смрт тој се заканил дека ќе се фрли од балконот, но таа успеала да го предомисли.
„Рис сакаше да се самоубие бидејќи имаше психолошки проблеми. Бев под туш во тоа време, случајно го пресеков само десниот палец кога влегов во туш. Кога излегов од тушот, го видов лицето како злобно се смее на балконот и рече дека сака да се самоубие, го блокирав. Во меѓувреме, крвта на мојот десен палец се распрска по подот и ѕидовите на собата“, рече Кејли во изјавата.

Во бизарен правен потег, таа се обиде да ги натера судиите да ја исфрлат нејзината оригинална полициска изјава со образложение дека нејзиниот официјален преведувач не можел да го разбере нејзиниот шкотски акцент.
Но, судот го отфрли барањето, посочувајќи дека таа го користела истиот преведувач на рочиштето. Судот наложи на обвинетата да ѝ биде извршена процена на менталното здравје. Обвинителите веруваат дека Кејли го убила своето момче од љубомора и бараат доживотна казна затвор.

Коментирај анонимно