КУЧЕ НА ВОЈНАТА: руски пронаоѓач објави застрашувачка снимка од роботско куче што пука со автомат врзан на грбот

Застрашувачко видео на куче робот што пука со автомат врзан на грбот – поставено од рускиот основач на компанија за ховербајк – е преглед на идното војување.

Но пред да го погледете видеото што е подолу, прочитајте ги деталите и добредојдовте во серијата Black Mirror во живо.

Александар Атаманов, основач на руска компанија за ховербајк, го постави виралното видео, на кое се гледа како догбот (куче робот) UnitreeYushu кој се продава на интернет за околу 3.000 долари, пука на ридови покриени со снег надвор.

Во време кога автономните беспилотни летала се користат за гаѓање на терористите, а американската армија има свое роботско куче вооружено со снајперска пушка, видеото е застрашувачки потсетник дека овој тип оружје е веќе реалност.

Има многу што не знаеме за способностите на дистопиското куче, но можеме да кажеме дека кучето робот има проблем да се справи со одбивањето на пиштолот: секој пат кога ќе пука, ботот мора повторно да се балансира.

Рускиот претприемач Атаманов, кој е со седиште во Њујорк, има диплома по инженерство и право, магистер по менаџмент на иновациски процеси и се нарекува себеси „пионер и водечки меѓународен експерт во областа на личната воздухопловна технологија“ на неговиот LinkedIn профил.

Boston Dynamics, производителот на сопствените роботски кучиња, рече дека нема да ги даваат на луѓе кои сакаат да ги вооружаат ботовите. Boston Dynamics е ќерка фирма на Google што одамна прави роботи за американската војска ама тврдат дека се само за носење товар. Тие тврдат дека нивната мисија е Boston Dynamics е да замисли и создаде исклучителни роботи кои го збогатуваат животот на луѓето.

Сепак досега агенциите како NYPD веќе ги користеа за патролирање на станбени згради, предизвикувајќи критики од застапниците за граѓански слободи. Додека пак други компании се обидуваат да прозиведат кучиња со насилни способности.

На саемот на американската армија во октомври беше претставено роботско куче со снајперска пушка Creedmoor калибар 6,5 мм, способно да погоди цели оддалечени 3.940 стапки.

„Беспилотна пушка за специјална намена“ (SPUR) е замисла на производителот на Ghost Robotics од Филаделфија и оружје SWORD International of Sparks, Невада.

На SPUR може далечински да му се наложи да ја наполни, растоварува и пука својата пушка кога ќе биде поставена на врвот на едно од постојните „четвороносни копнени возила без екипаж“ на Ghost Robotics. Фирмите допрва треба да ја откријат точната конфигурација на оружјето и колку муниција може да носи машината или стапката на повторно полнење. Сепак, тестовите покажаа дека куршумите од 6,5 мм што се користат во пушката Creedmoor нудат зголемување на опсегот во однос на оние од 7,62х51 мм што моментално ги користат американските сили.

А сега погледнете го видеото и ќе сфатите дека веќе живееме во иднината што некогаш ја зборувавме.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *