Кула на духови: Она што некогаш требаше да биде дом на бизнис луѓе, 26 години подоцна е празен облакодер, кој го „кити“ хоризонтот на Бангкок

Напуштениот облакодер од 49 ката, наречен „кула на духови“, сè уште доминира  на хоризонтот 26 години подоцна.
Сликите од внатрешноста покажуваат како изгледа недовршената и уникатна кула Саторн во тајландскиот главен град Бангкок откако била оставена без надзор.

Туристите сè уште се собираат за да ја фотографираат напуштената армирано-бетонска зграда или да снимаат видеа на „YouTube“.

Беше популарна и меѓу „урбаните истражувачи“ сè додека искачувањето на зградата не беше нелегално во 2014 година, иако видеата од внатрешноста и од врвот на кулата продолжуваат да се објавуваат на интернет.

Изградбата на кулата долга 185 метри започна во 1990 година, ветувајќи луксузни станови за богатите тајландски семејства, но беше прекината седум години подоцна. Тогаш регионот беше силно погоден од азиската финансиска криза, која започна во Тајланд кога владата ја девалвираше националната валута, бахот.

Но, додека облакодерот останува туристичка атракција, неговите жители деновиве се лилјаци и птици, а не богати деловни мажи и жени.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *