Село во Шпанија се продава за само 259.000 евра, сума со која би можеле да си купите само ГАРСОЊЕРА во Мадрид или Барселона! Плус добивате базен и црква…

Цело напуштено шпанско село излезе на продажба за 259.000 евра, иста цена како да купувате еднособен стан во Мадрид. Салто де Кастро, во северо-западна Шпанија, има 44 домови, хотел, црква и базен – и е ставен на продажба од сегашниот сопственик.

 

 

Селото е изградено на над 65.000 квадратни метри помеѓу врвовите на ридовите во провинцијата Замора, во близина на границата на Шпанија со Португалија. Но, и покрај неговата живописна локација, Салто де Кастро не е дом на ниеден жител повеќе од 3 децении.
Неговиот сегашен сопственик, кој го купил селото во 2000 година од Ибердрола (компанија за обновливи извори на енергија), имал намера да го претвори во туристичка атракција. Сепак, кризата во еврозоната го спречила да може да си ги дозволи трошоците за трансформирање на Салто де Кастро во одморалиште, и оттогаш е оставен празен.Сега во неговите 80-ти, сопственикот, кој не е идентификуван, сака да го види неговиот сон да стане реалност во рацете на друг сопственик.
Рони Родригез, кој работи за „Royal Invest“ – компанијата што го застапува сопственикот, изјави за „BBC News“ : „Сопственикот сонуваше да има хотел овде, но сето тоа беше ставено во мирување. Тој сепак би сакал проектот да се оствари“.

 

 

Селото е наведено на шпанската веб-страница за малопродажба на имот „Идеалиста“. Таму, сопственикот вели дека никогаш не можел да си дозволи одржување на населбата. „Го продавам затоа што живеам во град и не можам да се грижам за одржувањето“, вели тој.

Страницата за малопродажба, наводно, добила повеќе од 50.000 прегледи и привлекла интерес на повеќе од 300 фирми од Британија, Франција, Белгија и Русија.

Покрај 44-те домови, потенцијалниот нов сопственик ќе поседува бар, црква, училиште со неколку училници, касарна која порано ја користела Цивилната гарда, спортски терени и базен. Претходните обиди да се продаде селото за многу повеќе пари пропаднале. Сопственикот претходно се обидел да го продаде за околу 5,6 милиони евра, но никој не се огласил. Цената оттогаш драстично опаднала, за што помогнал и фактот што неколку од зградите биле вандализирани откако биле напуштени.

Сепак, на купувачот најверојатно ќе му треба многу повеќе за да го реновира селото. „Идеалиста“ вели: „Инвестицијата потребна за да се направи селото 100% функционално и да стане профитабилно нема да надмине 2 милиони евра“.

 

Салто де Кастро првично бил изграден од компанијата за производство на електрична енергија „Ибердуеро“ за да бидат сместени работници кои го изградиле блискиот резервоар, од 1950-тите. Но, откако акумулацијата била завршена, работниците го напуштиле селото. До 1980-тите, селото било целосно напуштено. Сега, областа околу селото е позната како „испразнета Шпанија“ поради тоа што е ретко населена област и руралните места се без основни државни установи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *