„Купив напуштено складиште за 410 долари, а внатре се криеше вистинско БОГАТСТВО вредно 70 илјади долари“

Еден човек во Портланд, Орегон, купил напуштен подрум за складирање, на аукција за 410 долари и бил среќно изненаден кога открил дека е исполнет со дизајнерска облека вредна околу 70.000 долари.

 

 

 

Вејд Венчр,  купил 400 до 500 вакви места за складирање во минатото, но сега бил во шок.

„Ретко се наоѓат вакви работи на такво место, честопати наоѓате работи за домаќинство или ѓубре“, изјави Венчр за „South West News Service“, споделувајќи дека најчесто ги донира повеќето работи што ги наоѓа во добротворни цели.

 

 

Венчр го купил местото на 27 март, откако видел само неколку слики направени од влезот  – па не знаел што да очекува.

Кога почнал да копа по купиштата напуштени работи, бил многу возбуден кога пронашол повеќе од 400 пара обувки, вклучувајќи брендови како „Гучи“ и „Коуч“, и бунди во вредност од 8.000 долари и други предмети, од кои на многумина сè уште имало етикети.
Тој почнал да ги продава предметите – само еден капут чинел 1.500 долари.

 

 

 

Креаторот на содржината објавува на неговите канали на социјалните медиуми – вклучително @wadesventures на „Инстаграм“ и на „YouTube“ – за да им даде на гледачите внатрешен поглед на ова и на неговите многу други откритија.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *