Квадратот над 2.000 евра, а покривите летаат како пердуви: Како се градат зградите во Скопје?
Кога ветерот ќе откорне дрво, тоа е сила на природата. Но кога покриви летаат од згради и паѓаат врз автомобили, неизбежно се поставува прашањето – дали ваквите објекти навистина се градат според стандардите што им одговараат на цените по кои се продаваат? Само во ова невреме беа оштетени 35 кровови, а делови од нив паднаа врз автомобили, при што МВР регистрираше вкупно 117 оштетени возила.

Покриви откорнати во Илинден
Налетите на ветерот достигнале околу 130 километри на час, но големиот број откорнати и распарчени покриви отвори прашање што не може едноставно да му се припише само на невремето: како се изведуваат кровните конструкции на зградите во Скопје и кој го контролира нивниот квалитет?


Покрив падна врз автомобил на Партизанска
Додека цените на становите и квадратниот метар постојано растат, невремето покажа дека дел од крововите не го издржале првиот посериозен тест на природата. Професорот Горан Марковски од Градежниот факултет предупреди дека мора да запрат импровизациите во градењето и дека е потребна проверка на голем број конструкции.

Покрив лета од зграда како пердув
Силниот ветер е природна непогода, но 35 оштетени кровови за само неколку минути се и предупредување дека безбедноста на градбите не смее да завршува со продажбата на последниот стан.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно