Ламбе на суд: „На клуб со име на докажан фашист, каков што бил Ванчо Михајлов, не му е местото во срцето на Битола”

Во Основниот суд во Битола во понеделникот се одржа првото рочиште против Љупчо Ѓоргиевски, претседател на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој е обвинет за предизвикување на национална и расна омраза, како и нетрпеливост. Исто така ширење расизам и ксенофобија.

 

Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски богами и имаше што да каже. Тој изјави дека во Срцето во Македонија, односно во Битола, не смее да постои клуб со име на докажан фашист каков што е Ванчо Михајлов. Додека пак адвокатот на Ѓоргиевски, Насер Рауфи за Ламбе рече дека тој е недоличен сведок, пироман, човек кој го опожари клубот во Битола.

На ова рочиште Љупчо Ѓоргиевски се изјасни дека не се чувствува виновен. Второто судско рочиште е закажано за на 18 декември. На него како сведоци на одбраната ќе бидат сослушани Ѓорги Црномаров и Благоја Шаторов, а Основното јавно обвинителство како сведок го предложи Горан Садикарио.

Па дали вие мислите дека Ламбе е недоличен сведок?

 

 

  • Зоран напиша:

    Браво за Ламбе. Секоја чест. Ванчо Михајлов е историски докажан фашист. Доволна е фотографијата каде е во друштво на Хитлер и Анте Павелиќ. А Бугарите, биле, се и ќе останат фашисти. Кој не го почувствувал тоа во својата фамилија, и на своите предци, може да си замислува дека Бугарите не биле и сеуште не се фашисти. Поголеми фашисти се и од Хитлер и од Мусолини.

  • dimce напиша:

    Kako svedok na odbranata Crnomarov?

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на dimce Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *