Легендарниот астронаут Баз Олдрин на 93 години се ожени со својата долгогодишна девојка и тоа на посебен ден. Погодете колку години има таа?

Во 1969 година, Баз Олдрин влезе во историјата како втор човек што некогаш ја допрел површината на Месечината. И денес, овој легендарен астронаут сè уште го живее својот живот во потполност. На својот 93-ти роденден, Баз се ожени со својата долгогодишна девојка која е 30 години помлада од него, докажувајќи дека кога 2 срца се длабоко поврзани, не постои старосна граница или разлика во возраста што може да ја спречи нивната љубов.

 

Роден како Едвин Олдрин, пензионираниот астронаут претходно се женеше 3 пати и е татко на 3 деца. Има и 4 внуци и една правнука.

Неговата нова невеста е 63-годишната д-р Анка Фаур. Анка има докторат по хемиски инженеринг и работи како извршен потпретседател на „Buzz Aldrin Ventures LLC“ од 2019 година.

 

Пензионираниот астронаут ја објави големата вест на својот „Твитер“, споделувајќи 2 фотографии од среќниот ден. Тој носеше смокинг, додека неговата невеста носеше блескав фустан со долги ракави. Баз на „Твитер“ напиша: „На мојот 93-ти роденден и на денот кога ќе бидам почестен од „Living Legends of Aviation“, со задоволство можам да објавам дека мојата долгогодишна љубов д-р Анка Фаур и јас се венчавме. Бевме придружувани во светиот брак на мала приватна церемонија во Лос Анџелес и сме возбудени како тинејџери во бегство“.

 

Во друг твит кој следеше по првиот, Баз им се заблагодари на своите обожаватели за сите роденденски желби и слатките пораки. 93-годишниот шетач на месечината напиша: „Тоа значи многу и се надевам дека ќе продолжам да служам за поголема кауза за уште многу револуции околу сонцето“.

 

Гледајќи ја оваа инспиративна двојка нè потсетува дека животот е возбудливо патување кое не мора да се забавува со годините. Им посакуваме сѐ најдобро на овие љубовници, а ние сме „над месечината“ за да ги што ги гледаме толку заљубени.

Што мислите за оваа прекрасна двојка? Дали се согласувате дека никогаш не е доцна да се биде вљубен?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *