Лекарите признаваат дека повеќе не можат да го разликуваат Ковид од една алергија или обична настинка

Пациентите со Ковид станува се потешко да се разликуваат од оние кои страдаат од алергии или обична настинка, велат лекарите.

Најчестите симптоми на вирусот сега се болки во грлото, кивање или затнат нос.

 

За споредба, во раните фази на пандемијата, Ковид имаше многу различни симптоми – како сува кашлица и губење на чувството за мирис или вкус.

Д-р Ерик Ајтинг, лекар од Њујорк, рече дека практично секој пациент со Ковид во болница во моментот е „навистина благ“.

„Скоро секој пациент со Ковид што сум го видел имал навистина благи симптоми. Единствениот начин на кој знаевме дека е „Ковид“ беше затоа што случајно ги тестиравме. Вирусот не ги предизвикува истите типични симптоми што ги гледавме порано. Сега понекогаш е со кивање и само блага болка во грлото“

Ковид може да предизвика и треска, главоболки, замор и кашлица – но тие стануваат се поретки.

Д-р Мајкл Дајно, лекар за итни случаи во Калифорнија, додаде: „Особено од јули, кога започна овој неодамнешен мини-наплив, помладите луѓе кои имаат симптоми на горниот респираторен тракт… 99 проценти од времето си одат дома со помошна нега“.

Под симптоми на горниот респираторен тракт, тој мислеше на кашлица, течење на носот, болки во грлото.

Лекарите велат дека Ковид сега стана многу поблаг затоа што сега скоро секој има имунитет против него од вакцинација или претходна инфекција. Се појавија и нови варијанти, кои се чини дека го направија вирусот позаразен, но помалку смртоносен.