Летниот режим е вклучен! Четири сојузници од dm за безгрижни сончеви денови

 

Летото е време за спонтани планови, долги денови на отворено, патувања, викенди покрај вода и моменти за кои копнееме да траат што подолго. Но, додека уживаме во сонцето, не треба да заборавиме дека на кожата и косата им е потребна дополнителна грижа. Добрата вест е што во dm продавниците може да најдете сѐ што ви е потребно за летна нега и заштита и тоа секогаш по поволни цени.

Од заштита за лице, преку производи против знаците на стареење предизвикани од сонцето, до нега по сончање и заштита на косата, нашите летни фаворити ќе ви помогнат безгрижно да уживате во секој сончев ден.

 

SUNDANCE SENSITIV флуид за лице и деколте SPF 30 – 159 денари

Ако вашата кожа е чувствителна и лесно реагира на сонце, овој флуид е создаден токму за вас. Неговата лесна формула без парфеми обезбедува сигурна UVA и UVB заштита, а воедно ја хидрира кожата до 48 часа. Благодарение на пантенолот, ја негува и поддржува природната заштитна бариера на кожата. Совршен е за секојдневна употреба на лицето и деколтето, а дополнителен плус е неговата водоотпорна формула, која го прави одличен избор и за денови поминати покрај вода.

SUNDANCE млеко за сончање SPF 30 – 289 денари

Ова млеко за сончање обезбедува моментална заштита од сонце и пријатно чувство на кожата. Формулата овозможува 24-часовна хидратација и ја штити кожата од UVA и UVB зраците. Не содржи UV филтри, водоотпорно е, а неговата веганска формула овозможува безгрижно уживање на сонце – без компромиси.

 

SUNDANCE After Sun гел со алое вера – 99 денари

По ден исполнет со сонце, кожата заслужува момент на освежување. SUNDANCE After Sun гелот со алое вера веднаш создава пријатно чувство на ладење и смирување, додека истовремено обезбедува интензивна хидратација до 48 часа. Формулата е збогатена со алое вера, глицерин, пантенол и хијалурон, состојки кои помагаат кожата да остане мека, еластична и негувана. Лесната гел-текстура брзо се впива и е совршена за вечерната рутина по сончање.

Balea PROFESSIONAL After Sun спреј за заштита на коса – 239 денари

Летната нега не треба да се ограничува само на кожата. Сонцето, солената морска вода и хлорот можат да ја направат косата сува и безживотна, па затоа е важно да ѝ посветиме дополнителна нега. Balea PROFESSIONAL спрејот ја штити косата од сушење и избледување на бојата од УВ зрачењето и помага таа да ја задржи природната влажност. Благодарение на Multi-Protect технологијата, косата останува мека, лесна за расчешлување и со здрав сјај. Спрејот е супер практичен за во торбата за плажа или малата чанта што ја носите на дневните прошетки, како задолжителен дел од вашата летна рутина.

Без разлика дали се подготвувате за одмор, викенд покрај езеро или едноставно сакате да уживате во сончевите денови во градот, во dm ве очекуваат производи кои ќе ви помогнат да го вклучите летниот режим без грижи. Заштитете ја кожата, разгалете ја по сончањето и не заборавајте на косата, затоа што летото е најубаво кога се чувствуваме сигурно во својата кожа.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *