Летото добива нов мирис – откријте ја новата limited edition колекција Balea Island Breeze во dm

Долги сончеви денови, топол песок под нозете, шумот на морето и лесниот летен ветер – токму тие моменти се инспирација за новата limited edition колекција Island Breeze на Balea, која веќе е достапна во dm продавниците. Создадена за сите кои сакаат и во секојдневието да го задржат чувството на летна безгрижност, колекцијата носи освежителни производи за нега со пријатен летен мирис, кои секој ден го претвораат во мал момент за уживање.

По напорен ден, долг престој на сонце или едноставно кога сакате да си подарите неколку минути релаксација, Balea Island Breeze хидрогел влошките за очи се идеален избор. Тие нежно прилегаат на пределот околу очите и ја негуваат чувствителната кожа со интензивна хидратација, додека освежителниот летен мирис создава вистинско спа-доживување дома. По употребата, кожата изгледа посвежо, понегувано и подготвено за нови летни авантури.

За деновите кога времето е драгоцено, а косата има потреба од брзо освежување, тука е Balea Island Breeze сувиот шампон. Неговата формула за неколку секунди го впива вишокот маснотија од коренот, оставајќи чувство на чиста и освежена коса без потреба од миење. Истовремено, ѝ дава дополнителна цврстина и видлив волумен, а по
расчешлувањето не остава видливи траги. Пријатниот летен мирис останува како дополнителен освежителен допир во текот на денот.

Комплетирајте ја летната рутина со Balea Island Breeze спрејот за тело, кој ја обвива кожата со нежен мирис инспириран од морето и сончевите плажи. Неговата лесна текстура брзо се впива, обезбедувајќи моментално чувство на свежина и удобност без леплив ефект. Спрејот е идеален за секојдневна употреба, а неговата подносливост на кожата е дерматолошки потврдена.

Новата Balea Island Breeze limited edition колекција е создадена за сите кои сакаат секој ден да понесат дел од летната атмосфера со себе. Производите се достапни во dm продавниците до потрошување на залихите, затоа не пропуштајте ја можноста да ја внесете омилената летна свежина во вашата секојдневна рутина за нега.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *