Лисица се шета низ Капиштец
Црвената лисица (Vulpes vulpes) е еден од најраспространетите и најприлагодливи диви предатори во Северна Македонија, па иако нема точна бројка, се смета дека нејзината популација е стабилна и бројна. Може да се сретне речиси насекаде – во шуми, планински и ридски предели, полиња, но и во близина на населени места, па дури и околу Скопје, особено во вечерните часови кога излегува во потрага по храна. Лисиците се познати по тоа што лесно се прилагодуваат и се хранат со различни извори – од мали животни и птици до инсекти и отпад, што им овозможува успешно да опстанат во различни услови.

Коментирај анонимно