Лисицата, магарето и волкот одат во Централен регистар да отворат фирма во Македонија (виц)
Лисицата, магарето и волкот решиле да отворат фирма во Македонија.
Лисицата рекла:
– Јас сум најлукава, ќе одам до Централниот регистар и за пет минути ќе ја средам регистрацијата.
Отишла лисицата, но по некое време се вратила разочарана.
– Не успеав…
Тогаш волкот рекол:
– Јас сум опасен, сите ме почитуваат. Сега јас ќе одам и ќе ја завршам работата.
Отишол и волкот, но и тој се вратил со наведната глава.
– Ништо и од мене…
Тогаш магарето рекло:
– Ајде сега јас да пробам.
По половина час се вратило пресреќно и извикало:
– Ја регистрирав фирмата! Успеав!
Лисицата и волкот зачудено го прашале:
– Како бе, кога ние двајцата не успеавме?
Магарето се насмеало и рекло:
– Влегов во канцеларијата… кога гледам – сè мои школски другари таму!


Коментирај анонимно