Логичка загатка. Каде води патот?

Tи си патник и дoаѓаш до раскрсница со два пата без никаков знак. Едниот пат А води до светла иднина, а другиот пат Б те води во провалија од која нема враќање назад.

Тогаш здогледуваш двајца пријатели. Едниот од нив секогаш лаже, а другиот секогаш ја зборува само вистината. Проблемот е што ти не знаеш кој е кој. Ти можеш да му поставиш само едно прашање, само на едниот од нив.

Како ќе дознаеш кој пат води во светлата иднина?

(Одговорот е на втората страна)