„Лош знак“: Древна пирамида во Мексико се сруши и се претвори во куп камења

Екстремните временски појави и растечките мориња се закана за скапоцените места на светското наследство.
Еден впечатлив пример дојде од Мексико: камен споменик, стар колку што е стара и меморијата на еден народ, не издржа под се понестабилната глобална клима.
Квадратната градба висока 15 метри, во сојузната држава Мичоакан, ненадејно се свлече под притисокот на непрекинатиот дожд. Јужната страна се распадна и зад себе остави куп камења, таму каде што со векови стоела форма, ред и тишина.

„Лош знак“: Древна пирамида во Мексико се сруши и се претвори во куп камења

Иуацио имал уште една пирамида, кула или тврдина и гробници

Овој археолошки локалитет е меѓу најдобро зачуваните места поврзани со цивилизацијата на Кралството Мичоакан.
Првите жители пристигнале пред околу 1.100 години. Тоа биле домородни групи што зборувале нахyатлски јазик. Подоцна, местото станало седиште на народот П’урхепеча, единствената империја што Ацтеките не успеале да ја освојат.
Нивната култура не е само запис од минатото. Таа живее и денес.

ИНАХ изброи најмалку шест оштетени „скалести тела“

Не биле погодени двете пирамиди на локалитетот, туку само една. Но персоналот од Националниот институт за антропологија и историја на Мексико, ИНАХ, соопшти дека оштетувањата не се површински: во распаѓање се надворешниот ѕид, јадрото и потпорниот ѕид.
Причината, според нив, лежи во временските краjности што му претходеле на настанот.
Во јули 2024 година, на врвот на летото на Северната хемисфера, силни дождови и грмежни бури погодија голем дел од Мексико. Тоа дојде по најлошата суша во земјата во последните 30 години, кога врнежите биле толку ретки што неколку езера целосно пресушиле.

ИНАХ изброи најмалку шест оштетени „скалести тела“

„Високите температури“ отвориле пукнатини низ кои влегла вода

Во соопштение на ИНАХ беше наведено: „Високите температури, претходно забележани во областа, и последователната суша предизвикаа пукнатини што ја олеснија филтрацијата на вода во внатрешноста на предхиспанската градба.“
Оттаму, уривањето речиси и не можело да се избегне. Службите сега се насочени кон поправка на структурата на градбата „во корист на културното наследство на Мексиканците“.
Археолозите ја проучуваат човечката постапка од минатото, но нивната работа се повекe е изложена на последиците од денешните човечки активности.

Пештерски слики во Океанија и градби во Европа и Мексико веќе страдаат од истата клима

Екстремното време и покачувањето на морското ниво, поттикнати од климатските промени предизвикани од човекот, стануваат сериозна закана за местата што ги носат трагите на исчезнати култури.
Неодамна, археолози утврдиле дека древни пештерски слики во Океанија се влошуваат со забрзаните климатски промени.
А минатата година, студија за материјалите на градби од културното наследство во Европа и Мексико покажа дека кога врнежите значително ке се зголемат, тие објекти се изложени на ризик од оштетување.

Тариакуири Алварез напиша дека боговите биле „незадоволни“

Според Тариакуири Алварез, кој се идентификува како жив припадник на племето П’урхепеча, неговите предци би го протолкувале распаѓањето на пирамидата во Иуацио како „лош знак“.
Во објава на Фејсбук, Алварез рече дека пред доаѓањето на странските освојувачи во Мексико се случило нешто слично, и тоа било затоа што боговите биле „незадоволни“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *