Лоши вести за љубителите на чили: Пакистанските земјоделци се борат да го спасат родот поради обилните поплави

Поплавите што направија хаос низ Пакистан во август и септември, среде високите температури, ги оставија фармерите со чили да се борат со новата ситуација. Во земја која е силно зависна од земјоделството, поекстремните климатски услови ја повредуваат руралната економија, нагласувајќи ја ранливоста на јужноазијците на променливите временски услови, велат земјоделците и експертите. Официјалните лица веќе ја процениле штетата од поплавите на повеќе од 40 милијарди долари.

 

 

 

 

 

 

Пакистан е четвртиот најголем производител на чили во светот, со 150.000 хектари фарми кои произведуваат 143.000 тони годишно. Земјоделството го формира столбот на економијата на Пакистан, што го прави ранлив на климатските промени. Пред поплавата високите температури го отежнуваа одгледувањето на чилито, на кое му требаат поумерени услови.

Д-р Атаула Кан, директор на Истражувачкиот центар за сушните зони на Пакистанскиот совет за земјоделски истражувања, изјави за „Ројтерс“ дека топлотните бранови во изминатите три години влијаеле на растот на посевите на чили во областа, предизвикувајќи болести кои ги виткаат листовите и го запираат нивниот раст. Сега поплавите создаваат сосема нов сет на проблеми.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Sasho напиша:

    samo pogledni gi slikite, dodeka nie zbesnuvame so ajfoni i trista glupoisti, decana na slikite se ubivaat od rabota za parce leb… zatoa treba eden ubav reset na zemjava, alooo…do kade e asteroidot…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.