Ловец на богатство пронашол многу ретки златни и сребрени монети скриени пред 800 години во мочуриште

Историчарот Лоренцо Рујтер го открил богатството додека талкал со детектор за метал низ мочуриште во близина на холандскиот град Хогвуд. Богатството вклучува четири златни обетки, два златни листови и 39 сребрени монети. Археолозите од Националниот музеј на антиквитети на Холандија открија дека се работи за предмети кои датираат од средновековниот период.

Музејските експерти веруваат дека луксузниот накит би можел да припаѓа на богата и влијателна личност.

Сребрените монети припаѓаат на различни историски периоди. Некои од нив се ковани на почетокот на 13 век, додека други се ковани во времето на Светото Римско Царство. Најновата монета е датирана од доцните 1240-ти, што се совпаѓа со воениот период и може да ја објасни одлуката на сопственикот да ги скрие вредните предмети во мочуриште.

Археолозите продолжуваат да ги проучуваат златните предмети за да го утврдат времето и местото на нивното производство, но гравурите на нив се карактеристични за Фрисланд.

„Имаме работа со предмети што им припаѓале на луѓе од повисоките слоеви на општеството, можеби кралеви и војводи. За жал, не можеме да ја утврдиме нивната вредност, бидејќи немаме со што да се споредуваме. Исто така, не знаеме дали имаат сентиментална вредност“, рече Анемарике Вилемсен, куратор на колекцијата на средниот век во Националниот музеј за антиквитети на Холандија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *