Љубовта не познава висина: Запознајте го најнискиот бодибилдер на светот и неговата сопруга од соништата

Најнискиот бодибилдер на светот, кој е со висина од 102 сантиметри, се ожени со својата партнерка, која е висока 127 сантиметри.

Пратик Витал Мохите (28) од Раигад, Махараштра, централна Индија, е роден со својот инвалидитет и се борел цел живот да се вклопи и бил скептичен дека некогаш ќе може да најде некој со кој што ќе го сподели неговиот живот.

 

 

 

Пред четири години тој ја запознал Јајаа (22), откако нивните семејства барале некој што ќе му одговара на големината.
Но, во тоа време Пратик, не бил подготвен да се „скроти“. Тој рекол: „Ми се допадна Јајаа во моментот кога ја видов и мислам дека и се допаднав, таа изгледаше импресионирана од мојата фигура, но не можев да се грижам за неа. Сакав да добијам добра работа, да се снајдам добро како бодибилдер и да бидам сигурен дека можам да и дадам добар живот“.

 

 

Оттогаш Пратик работел напорно, одлучил дека неговата висина нема да влијае на неговиот живот. Деновиве тој е светски познат, признат од Гинисовата книга на рекорди како „најмалиот натпреварувач бодибилдер во светот“.
Тој се натпреварувал на повеќе од 50 натпревари и сега работи како личен тренер за новопечените боди билдери, распределувајќи го своето време во две спортски сали.

Со преку 200 илјади следбеници на „Инстаграм“, каде што дури и американскиот пејач Снуп Дог го следи, често му пристапуваат огромни брендови за соработки и спонзорства.

 

 

На крајот, во декември, Пратик почувствувал дека е подготвен да се смири и да се ожени, па неговите родители договориле уште една средба меѓу него и Јајаа. И речиси веднаш двајцата почнале да си пишуваат пораки секој ден додека на крајот нивните родители се согласиле дека треба да се свршат, што е вообичаено во традиционалната Индија каде договорените бракови се вообичаено нешто.

Двојката се венчале на хинду церемонија оваа недела, на 13 март, опкружени со семејството и пријателите и танцувале во текот на ноќта со невестата и младоженецот облечени во традиционална хинду свадбена облека. Пратик носел злато, додека Јајаа била божица во црвено.

 

Неговиот татко, Витал Гаџанан Мохите (50) рекол: „Бевме многу тажни кога се роди и видовме како ќе биде. Секој родител би се чувствувал исто. Но, не беше проблем да го воспитуваш, тој научи да прави сè сам, така што не ни беше дополнителен проблем“.
Сега Јајаа ќе го преземе и ќе му помогне на Пратик со режимот на исхрана и тренинг.

 

 

Јајаа морала да го заврши училиштето кога имала 14 години бидејќи нејзините родители не можеле да си дозволат да продолжи да се школува. Па така, таа останала дома за да и помогне на мајка си да ја води куќата. Сега, таа со нетрпение очекува да му помогне на својот сопруг да ја продолжи својата професија.

Сонот на Патрик и понатаму останува шампионска титула во бодибилдинг.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *