„Љубовта не знае за математика“, вели 79 годишната Шер, откако ја потврди врската со 36 годишниот продуцент Александар Едвардс, за кој вели дека ја третира како КРАЛИЦА

Шер во саботата на „Твитер“ ја потврди врската со музичкиот продуцент, Александар Едвардс, откако сподели слика од својот убавец.

 

 

76-годишната дива откри дека нејзиниот 36 годишен дечко ја третира „како кралица“, додека таа блика од среќа.

Пејачката, која веќе го има запознаено Александар со семејството, ја отфрли 40-годишната разлика и рече: „Љубовта не знае за математика“.

 

 

Шер им возврати на „хејтерите“ пишувајќи: „Нѐ бранам нас. Хејтерите ќе мразат…Не е важно што сме среќни и никому не му пречиме“.
Александар е најпознат по тоа што бил во врска со поранешната девојка на Канје Вест, Амбер Роуз (39), со кој го дели тригодишниот син Слеш Електрик Александар Едвардс.

Уште во август, Амбер го обвини продуцентот дека имал афери со 12 различни луѓе, а тој подоцна се огласи на социјалните мрежи за да признае дека ја изневерил.

Сепак, Шер ја игнорираше загриженоста на обожавателите велејќи: „Јас сум заљубена, а не заслепена од тоа“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *